Македонија
(Видео) Ковачевски: Левица и нивниот заложник ВМРО-ДМНЕ се против ЕУ, очекувано е неучеството во работните групи
Уставните измени се нешто што е обврска на нашата држава, во делот на пристапување кон ЕУ и за мене беше очекувано кои партии ќе учествуваат, а кои партии нема да учествуваат во работната група формирана од Министерството за правда затоа што Левица и нивниот заложник ВМРО-ДПМНЕ се против НАТО и ЕУ, рече денеска во одговор на новинарско прашање премиерот Димитар Ковачевски.
„Во државата имаме два концепти. Едниот концепт се политички партии кои поддржуваат Северна Македонија да биде членка на НАТО и ЕУ. Имаме втора група на политички партии, предводени од Левица и нивниот заложник ВМРО – ДПМНЕ и јас ова го кажував во септември минатата година, кои што се против членството на земјата во НАТО и ЕУ, рече Ковачевски
И тоа во историјата се потврдило, додаде Ковачевски.
„Одлуките за НАТО, опозицијата денешна не ги гласаше. Тие не гласаа ниту за договорот Фронтекс каде што за прв пат, јазикот македонски е дел од Договор во кој што се наведени сите други јазици на земјите членки на ЕУ. Ниту тоа не влегоа да го гласаат во Собранието, потенцираше Ковачевски.
Тој истакна дека подобрувањето на животниот стандард, воведувањето демократски институции на највисоко ниво и зачленувањето во ЕУ не може да биде заложник на кариерата на еден човек, алудирајќи на Мицкоски.
„Подобрувањето на животниот стандард, воведувањето на демократски институции на повисоко ниво, зачленувањето во ЕУ, не може да бидат заложник на кариерата на еден човек. Туку тие се обврска на сите пратеници во Собранието, да носат одлуки кои што ќе обезбедат европска иднина на сегашните и на идните генерации. Затоа велам дека овој процес не може да биде заложник на еден човек. Ниту пак процесот е процес на еден човек, една партија или една влада. Ова е процес во кој што треба сите да учествуваат, затоа што граѓаните заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ, ама тука дома, а не да живеат во земја членка на ЕУ во туѓина да одат да работат, рече Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

