Македонија
(Видео) Ковачевски: Македонија е потврден партнер во транс-атлантското и европското сојузништво

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски со видео порака го сублимираше и оцени учеството на владината делегација на годинешната Минхенска безбедносна конференција која оваа година по 58 пат собра над 30-тина шефови на држави и влади и највисоки членови на влади и претставници на најугледните меѓународни организации.
„ На Минхенската безбедносна конференција годинава, Северна Македонија учествуваше како рамноправна членка на НАТО. Во исклучително турбулентни времиња, средбите кои ги имавме со нашите стратешки партнери беа фокусирани на предизвиците кои претстојат на полето на европската и светската безбедност.
Минхенската конференција пред сѐ, јасно ја демонстрираше целосната и силна обединетост на сите НАТО и ЕУ сојузници и партнери, и го прецизираше фокусот кон заедничко надминување на сите предизвиците поставени пред Европа, САД и светот.
На средбите со највисоките претставници на НАТО, ЕУ, САД и со сите останати, ја потврдивме нашата определба за зачувување на безбедноста и стабилноста, како на регионот, така и во светски рамки. Уште еднаш добивме едногласна и моќна поддршка од сите сојузници и затоа остануваме и понатаму силно посветени на евроинтеграциите, нашиот европски пат е трасиран и јасен.
Новиот пристап и енергија во разговорите со Софија беше препознаен како правилен и по него треба да продолжиме за конечно да ги надминеме разликите. Интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија значи започнување на нова ера на економски напредок, стабилност и развој за нашите граѓани. Од овој пат не смееме да се откажеме.
На средбите уште еднаш ја потврдив нашата позиција дека Берлинскиот процес останува приоритет, а на иницијативите како што е „Отворен Балкан“ гледаме како на нов инспиративен поттик за регионалната соработка.
Горди сме на остварувањето нашата стратешка цел, целосна интеграција во НАТО и остануваме посветени на реформите и дијалогот кој ќе ни обезбеди европска иднина“ рече Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за самитот на ОБСЕ, каде што е сѐ чисто, вели Османи

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, вели дека коалицијата „Вреди“ ги има добиено анкетите, во кои, како што нагласува, јасно се гледа дека разликата меѓу него и нивниот кандидат изнесува 10 %.
„И сега се во паника. Затоа се обидуваат да отвораат прашања за кои граѓаните вообичаено нив ги обвинуваат дека се корумпирани и дека 20 години на најкоруптивен начин ја воделе општината“, изјави Османи.
Османи потсети дека уште пред да заврши самитот на ОБСЕ лично ја доставил целата документација до релевантните институции.
„Јас лично ја доставив целата документација во Државната комисија за спречување на корупцијата и во Обвинителството. ДКСК, по неколку недели, излезе со констатација дека нема никакви неправилности. И Јавното обвинителство потврди дека нема неправилности. Ниту имало ревизија на ОБСЕ, туку на ‘Борис Трајковски’, и тоа во врска со тоа како тие ја прифатиле опремата“, појасни Османи.
Истакна дека неговиот најголем политички капитал останува неговиот кредибилитет: „Ако има нешто по што јас се разликувам, тоа е фактот дека никој, во целата моја политичка кариера, не може да ме обвини за корупција. Тоа е мојот најголем капитал во политиката, политичкиот интегритет и човечкиот кредибилитет“, истакнува Османи.
Македонија
(Видео) Лефков: СДС преку „Еразмус+“ ја финансирале и сопругата на Апасиев – пред камери противници, зад камери соработници

СДС преку Еразмус + ја финансирале и сопругата на Апасиев, пред камери противници, зад камери соработници. Додека јавно глуми противник на СДС, Димитар Апасив немал проблем со тоа што неговата сопруга барала пари од европските фондови и владата на Ковачевски преку Националната агенција за Еразмус+, истакна на прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Имено токму од Националната агенција за Еразмус+, кога со неа управува Марко Ѓорѓиевски од СДС, сопругата на Апасиев, Тамара Јованов Апасиева, добива европски пари.
Додека Апасиев пред камерите глуми противник на СДС, зад затворени врати неговиот семеен круг бил дел од системот кој го водела власта на СДС, добивал финансии и уживал привилегии“.
Лефков прашува, како токму Тамара Јованов Апасиева, покрај илјадници млади, универзитетски кадри и активисти од цела Македонија е изберена да добие поддршка од СДС.
„Дали ова е класичен пример на политички договори меѓу СДС и Левица?
Дали во јавноста играат улога на „жестоки противници“, а во позадина функционираат заедно, делат фондови и позиции?
Дали оваа соработка СДС – Левица ќе ја гледаме и на овие избори, и купен ли е Апасиев со парите од Еразмус + да одработува за СДС“, додава пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Видео) СДСМ: Орце молчи за дивоградбите, гледаме нова Арсовска под диктат на Мицкоски

Додека Скопје се гуши во урбанистички хаос, Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, молчи за дивоградбите во Чаир, обвини Јовица Јанковиќ од СДСМ.
„Над 150 незаконски дивоградби, криминал тежок над 220 милиони евра, узурпиран простор, маала претворени во бетонски џунгли и загрозена безбедност. Тоа е резултатот на политиките на коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ што денес Орце ги одобрува. Зошто Орце воопшто не нуди решение за проблемот со дивоградбите? Дали поради бизнис интересите на власта? Таа ли улога Мицкоски му ја додели на Орце овој пат?“, праша тој.
Според Јанковиќ, дивоградбите не се само локална приказна туку со ВМРО-ДПМНЕ урбаното дивеење стана тажно скопско секојдневие.
„Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ владее со градот ова се случува, го претвораат во свој партиски вилает за да ги спроведуваат бизнис агендите. Со Орце скопјани можат да очекуваат само нови разочарувања, уште поголем хаос, нови бизнис-договори на грбот на граѓаните. Наместо решенија дивоградбите ќе продолжат, никој нема да одговара и наместо развој на Скопје ќе гледаме партиски диктат за богатење на поединци. На скопјани им треба вистински градоначалник кој ќе се бори со урбаната мафија, а не кој ќе ја штити. На Скопје не му треба нова Арсовска, под диктат на Мицкоски“, рече Јанковиќ.