Македонија
(Видео) Ковачевски: Наредната година ќе биде подобра, продолжуваме со нови инвестиции кои ќе значат подобар живот
Премиерот Димитар Ковачевски порача дека во новата 2023 година државата ќе продолжи да напредува и да ги остварува целите и ќе биде подобра за граѓаните.
„Можам со сигурност да кажам дека наредната година ќе биде подобра. Платите и пензиите ќе продолжат да растат, завршени се големи проекти важни за државата, а продолжуваме понатаму со нови инвестиции кои ќе значат подобар живот за сите. Затоа што никого не оставаме сам. Никој, никогаш нема да биде оставен сам“, порача Ковачевски до граѓаните.
Кажа дека целото негово знаење и искуство ќе го искористи за подобрување на животниот стандард на граѓаните, со цел наредната година да биде подобра.
Се осврна на годината што изминува, во која фокусот беше ставен на справување со последиците од пандемијата, како и од економската и енергетската криза, но и на исполнување на евроинтегративниот процес.
„Во исто време моравме да носиме тешки одлуки за нашата европска иднина. Тоа, за мене лично, беше најголемиот предизвик во мојот живот. Можеби и најтешкиот затоа што знаев дека сум одговорен за мојот народ, за секој еден граѓанин, за вашата, за нашата иднина. Оваа зима се погриживме сите македонски домови да се топли, исто како и овој. А тука сме да се погрижиме да има и доволно храна на сечија празнична трпеза“, истакна премиерот Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

