Македонија
(Видео) Ковачевски на средба со папата во чест на Денот на светите Кирил и Методиј
Премиерот Димитар Ковачевски во придружба на ќерката Тамара Ковачевска и делегацијата на Владата, која е во дводневна посета во Рим и Ватикан во рамките на традиционалните свечености во чест на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, денеска беше примена од неговата светост папата Франциско.
Претседателот на Владата, Ковачевски, имаше тет-а-тет средба со неговата светост, папата Франциско, по што следуваше приемот на ќерката на претседателот на Владата, како и другите членови на делегацијата – Бујар Османи, министер за надворешни работи, Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи, Бисера Костадиновска-Стојчевска – министерка за култура, Мартин Попов – шеф на кабинетот на претседателот на Владата, Ана Андреева – секретар за комуникации, односи со јавност и протокол, Даријан Сотировски – директор на Комисијата за односи со верскит заедници, Никола Јанкуловски – ректор на УКИМ, Пимен Илиевски – митрополит на МПЦ-ОА, Јосиф Тодоровски – митрополит на МПЦ-ОА, Зоран Стојанов – декан на Струмичката епархија на Католичката црква, и Марија Ефремова – амбасадорка на Република Северна Македонија во Ватикан.
![]()
На аудиенцијата кај светиот отец Франциско, како една од централните активности од програмата за чествување на животот и големото дело на светите Кирил и Методиј, премиерот Ковачевски изрази благодарност за посетата на папата Франциско на нашата земја во 2019 година, која беше прва посета на предводник на Римокатоличката црква запишана како историска.
![]()
За време на разговорот на средбата со папата Франциско, беше истакната улогата на светите браќа Кирил и Методиј, кои со својата мисија да го шират христијанството на јазик разбирлив за словенските народи извршија и мисија на поврзување на народите на Европа.
Северна Македонија и Ватикан, беше нагласено на средбата, од воспоставувањето дипломатски односи пред 28 години, со посветеност и меѓусебно почитување градат пријателство базирано на заеднички историски, културни и верски традиции и значајни ликови, како светите браќа Кирил и Методиј и света Мајка Тереза.
![]()
На средбата беше поздравена почнатата иницијатива за потпишување темелен договор (конкордат) помеѓу Северна Македонија и Светата столица за да се регулира статусот на Католичката црква во нашата земја и за унапредување на соработката во областите од заемен интерес, особено во делот на соработката меѓу образованите институции и архивите на двете земји.
Премиерот Ковачевски истакна дека на огромно негово задоволство со папата Франциско се согласија дека поддршката на најранливите наши сограѓани во време на криза е суштината на нашето дејствување. Почитувањето на разликите како еден од столбовите на градењето на општество во кое има место за сите е пресликана во традицијата на меѓурелигиска толеранција, почитување на разните верски убедувања, како и негувањето на слободата и демократијата во Република Северна Македонија.
![]()
На средбата меѓу премиерот Ковачевски и македонската делегација со папата Франциско беа споделени пораки за надеж и желба за просперитет во постпандемискиот период, но и во време на справување со најголемата криза досега, истакнувајќи дека плодната соработка со Ватикан ќе се продлабочи бидејќи ги делиме истите вредности на меѓусебно разбирање, поддршка за најранливите, еднаквост, толеранција и човечко достоинство.
Премиерот Ковачевски на папата Франциско му подари рачно изработен фрагмент со калиграфско пишување на рачна изработена хартија од пофалното слово на свети Климент Охридски, бројници со традиционален охридски бисер и филигран, како и винил-плоча од македонскиот виртуоз Влатко Стефановски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

