Македонија
(Видео) Ковачевски: Планот за раст го отвора патот кон единствениот европски пазар, кон просперитет и полноправно членство во ЕУ до 2030 година
Претседатетелот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се обрати на Лидерскиот состанок посветен на Планот за раст за Западен Балкан, усвоен од Евроската комисија.
„Пред два месеци министрите за финансии и главните преговарачи за ЕУ имаа средба исто така во Скопје за детално да разговараат за Планот за раст на ЕУ усвоен за Западен Балкан.
Тој план претставува повеќестран инструмент ги надминува економските стратегии. Тој претставува реална движечка сила и го осветлува патот кон меѓуповрзана и просперитетна иднина на Западен Балкан, бидејќи се стреми кон заедништво со Европското семејство. Овде би сакал да им се заблагодарам на вицепремиерот Маричиќ и на министерот за финансии Бесими што ја организираа и што беа домаќини на дискусијата затоа што тогаш се покренаа многу активности и планови што ќе постават нова динамика во спроведувањето на инструментот“, рече Претседатетелот на Владата, Ковачевски.
„Денес ја креваме таа суштинска дискусија на ниво на лидери. Жал ми е што премиерката на Бих, Борјана Кришто, денес не можеше да ни се придружи лично, бидејќи е домаќин на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен. Таа ќе ни се приклучи преку видео порака во текот на денот.
Би сакал да ја искористам оваа прилика да се заблагодарам на Генералниот директор Копман кој ја согледа важноста од спојувањето на материјалните резултати, испорачаните работи и реформите со нашиот процес на преговори. Овој докажан пристап се покажал како ефективен во минатото и денес само го надградуваме тој успех.
Исто така, оддавајќи признание за стратешкото партнерство што САД го има со ЕУ, би сакал да се заблагодарам и на помошник државниот секретар О’Брајен за неговата непрекината поддршка и за тоа што се наш сигурен сојузник. Неговиот постојан влог на нашиот европски пат придонесува кон нашата заедничка цел насочена кон унапредување на мирот и стабилноста во свет оптоварен со конфликти“, изјави премиерот Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нова услуга на ЈСП: Онлајн надополнување на картичката
ЈСП воведува нова услуга – онлајн надополнување на картичките за возење.
„Од сега можете онлајн да ја надополните вашата картичка со билети и/или износ (средства) директно преку нашата официјална веб страна skopjebus.mk — без чекање, без редици и без одење до продажно место. Сè што ви треба е телефон или компјутер и неколку минути. Надополнувањето се прави од далечина, брзо и кога вам ви одговара, од удобноста на вашиот дом“, велат од ЈСП.
Од таму додаваат дека со новата услуга се добива онлајн надополнување со билети и/или средства, брза постапка во неколку едноставни чекори, нема редици и нема потреба од физичко присуство, достапно од телефон или компјутер.
Како да надополните картичка?
* Влезете на skopjebus.mk
* Изберете „Надополни картичка“
* Внесете ги потребните податоци за
картичката
* Одберете дали сакате билети или износ
(средства)
* Потврдете и завршете ја постапката
Пробајте ја новата функционалност тука: https://skopjebus.mk/mk/app/cards/load
Македонија
Утре променливо облачно време, попладне дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд, информира УХМР.
Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен утре кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд.
До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.
Македонија
Утре прекинато водоснабдување во делови од неколку скопски општини
Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека утре ( вторник ) се планирани неколку интервенции и тоа:
· поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Кисела Вода)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.(општина Карпош)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.Боца Иванова бб(за АБЦ Комерц),
прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Боца Иванова,Томе Пуре, Душко Поповиќ, Александар Бујнов, Бетовенова и дел од Петар Манџуков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.(општина Бутел)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.20 –ти Октомври 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Центар)

