Македонија
(Видео) Ковачевски: Почнавме преговори со ЕУ на чист македонски јазик, паднаа во вода лагите на ВМРО-ДПМНЕ и на Левицата
Со 68 гласа „за“ Собранието изгласа почеток на преговорите со ЕУ, сите граѓани беа свесни дека на првата меѓувладина конференција во Брисел паднаа во вода сите лаги што ги ширевте овде во собранието и на протестите што ги правевте пред Собранието, истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.
„Прво, Македонија одржа прва меѓувладина конференција, второ, македонскиот јазик е чист во преговарачката рамка. Трето, треба да се срамите од тоа што го правевте овде во Собранието, со палење документи, со какви зборови ѝ се обративте на претседателката на Европската комисија, не личи на една демохристијанска партија и треба да се срамите од она што го правите. Политиката што ја водите на штитење интереси на трети држави и е најпогубно нешто што може некој да им го прави на граѓаните, така што за координатор може да го поставите Димитар Апасиев наместо Никола Мицевски“, посочи Ковачевски.
Во однос на референдумот што го најавува ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Ковачевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ има проблем што е против секоја страшека одлука на државата.
„Вие не знаете какво референдумско прашање сакате да поставите. Вие сакате референдумско прашање – дали сте против зачленување во ЕУ со чист македонски јазик и заштитен идентитет, чист македонски јазик за кој се потпишува договор за превод на македонското законодавство со ЕУ. Тоа што имате проблем што сте против сите стратешки одлуки на оваа држава треба да го расчистите на идеолошко ниво во партијата. Ако некоја партија беше против членството во НАТО, тоа беше вашата партија, ако некој беше против релаксирање на меѓуетничките односи, тоа беше вашата партија, ако некој е против членството во ЕУ, тоа е вашата партија“, истакна Ковачевски додавајќи дека државата ќе продолжи по европскиот пат, без разлика на дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ.
„Собранието донесе одлука оваа држава да продолжи по патот на своите европски интеграции и оваа држава ќе оди по патот на европските интеграции и без разлика што и да правите, нема да ја скршнете ниту лево, а уште помалку десно кон исток“, заклучи Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

