Македонија
(Видео) Ковачевски по средбите во Брисел: Тука сите се едногласни дека треба да почнеме со преговори веднаш
Премиерот Димитар Ковачевски ја заврши дводневната работна посета во Брисел, а во изјава за медиумите истакна дека европските лидери биле едногласни во поддршката за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија без одлагање.
„Драго ми е што средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, ја заокружи нашата агенда. Од неа добивме јасно изразена поддршка за нашиот пат кон Европската Унија“, истакна премиерот.
Ковачевски во Брисел информирал, како што вели, за напредокот со Бугарија во продлабочувањето на добрососедската соработка. Според него, јасна е и поздравена заложбата на двете земји за изнаоѓање решенија и интензивирање на дијалогот.
„Преку разговори со нашите пријатели Шарл Мишел во Европскиот совет и Роберта Мецола во Европскиот парламент потврдена е отворената поддршка за одржувањето на првата меѓувладина конференција. Тука сите се едногласни дека Северна Македонија треба да почне преговори за членство во ЕУ веднаш“, нагласи премиерот додавајќи дека нашата иднина е европска, демократска и современа.
Како што рече, тоа е иднина што се темели на зелената агенда, на обновливите извори на енергија, на дигитализацијата.
„Ја завршивме работната посета со средбите со драгите пријатели во Европската Унија, домот на кој му припаѓаме. Се враќаме со силна поддршка, која нè мотивира да го интензивираме европеизирањето дома“, порача Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.
Македонија
Утре без вода дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарната Илинден
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре (19.02.2026) поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.(општина Чаир)

