Контакт

Македонија

(Видео) Ковачки: Пионот Ковачевски да отвори случаи против Заеви за огромниот рекет

Објавено пред

Пионот Ковачевски треба да се огради од криминалот на уценетиот Заев и да отвори случаи против Заеви за огромниот рекет, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Заеви, додава тој, се вмешани во најголемите криминали во Македонија.

„Бојан Јовановски го обвини Вице Заев дека зел рекет од тендерите во РЕК, шоферот на Трајче Заев беше фатен како шверцува дрога, семејните фирми им влегоа во бизнисот со марихуана и целата држава ја направија заложник на своите бизнис-интереси. Заев се повлече од врвот на СДСМ за Димитар Ковачевски да ги покрие неговите траги, да нема истраги и да го легализира криминалот. За таа цел раководството на СДСМ е полно со кадри на заевизмот, тоа не се нови луѓе, туку стари и истрошени кадри на Заев. Раководството на Димитар Ковачевски е тело на Заев, таму е Фатмир Битиќи, вицепремиер на Заев и потпретседател на СДСМ. Тој е една од причините за енергетската криза, причините за инфлацијата, малиот број на странски инвестиции, за отпуштањето на луѓе од работа“, истканува Ковачки.

Во раководството на СДСМ и на Ковачевски, смета пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, има место и за насилници и тепачи на жени како Ацевски, но и за вечни губитници како Андреј Петров, кој беше градоначалник на Карпош, а речиси никој не се сеќава на него, зошто ништо и не направил, додава тој.

Според него, не може разединета партија како СДСМ која ја подели Македонија да зборува за обединување.

Смета дека ништо не е сменето во СДСМ, истите луѓе, вели Ковачки, кои кога сами за себе велеа дека имаат плава крв, сега се на чело на СДСМ.

„Ковачевски е продолжена рака на заевизмот. Димитар Ковачевски е човекот кој се поклонува на Заев и го надоградува заевизмот. Како заменик-министер активно учествува во зголемување на историски највисокиот долг во државата, кој активно придонесува за инфлација и поскапување на цената на струјата. Човек кој лажеше дека е дипломец на Харвард каде завршил обичен курс и кој докторирал на сметка на државата додека неговиот татко е амбасадор во Црна Гора“, потенцира на денешната прес-конференција Ковачки.

Македонија

Дел од Чаир денеска без вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента

Објавено пред

Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.

dobivaj vesti na viber

Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.

Фото: илустрација (depositphotos)

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори

Објавено пред

Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.

dobivaj vesti na viber

Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.

„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.

Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.

Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.

Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 минути

(Видео) Лавина во Калифорнија: Осум скијачи загинаа, еден е исчезнат

Осум скијачи загинаа, а еден е исчезнат во лавина во планините Сиера Невада во Калифорнија, соопштија властите во среда, во...

Македонија13 часа

Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование....

Македонија13 часа

Гоце Наумовски стана нов уставен судија

Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по...

Македонија16 часа

Владата нема да купува нов авион: ќе се повлечеме од набавката и ќе се молиме да останеме живи, вели Мицкоски

Владата се откажа од набавка на нов авион на што се одлучи оти стариот е дотрајан и претставува голем трошок...

Македонија18 часа

(Видео) За Мицкоски контролата на цените не е популизам, туку заштита на граѓаните, најави праведност и кон оние што се обидуваат да профитираат од кризите и кон оние што избегнуваат обврски

Денешната конференција за формализирање на неформалната економија не е само експертска расправа. Таа е разговор за праведност во општеството. За...

Македонија19 часа

(Фото) Изгореа викендица и куќа, се запали оџак: три интервенции на струмичките пожарникари

Струмичките пожарникари денеска уште во раните утрински часови имаа три интервенции. Во 06.55 часот, во излетничката населба Суви Лаки, запалена...

Македонија19 часа

„Парите за боледувања доцнат – дали Клековски манипулира дека се редовни или фондот е празен“, прашува Левица

„Изминатиот период сѐ повеќе граѓани нѐ информираат дека одреден период Фондот за здравствено осигурување не врши навремена исплата на средства...

Македонија20 часа

(Фото) На повеќе локации низ Скопје паднаа дрвја, Ѓорѓиевски: Екипите се на терен, реагираме навремено

Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја. Градоначалникот Орце...

Македонија20 часа

(Фото) Силниот ветер откорна покрив во училиште во Гевгелија

Преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава дека поради силен ветер летнала лимената конструкција од покривот на...

Македонија21 час

Сè помалубројни, постари и понеисправни автобуси во кои се возат сè помалку патници, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Нивното истражување...

Македонија21 час

Мицкоски да одговори кој бил со него во владиниот авион, бара СДСМ

Луксузирањето на Мицкоски врз грбот на граѓаните и летањето со владин авион на Јадранско море го покажа вистинското лице на...

Македонија21 час

Панчевски поднесе кривична пријава против членовите на Советот на јавни обвинители, ги обвинува за злоупотреба

Кандидатот за државен јавен обвинител Владимир Панчевски, кој не доби позитивно мислење од Советот на јавни обвинители, најави дека ќе...

Македонија22 часа

(Фото) По ерата на Југославија, селото Драчево е првото село во Македонија што добива сопствено модерно кино

Општина Кисела Вода вчера вечер официјално го отвори новото кино во Домот на културата во Драчево. Проектот, реализиран во партнерство...

Свет23 часа

Документите за Епстин се толку сериозни што би можеле да бидат злосторства против човештвото, предупредија експерти на ОН

Милиони досиеја поврзани со покојниот сексуален престапник Џефри Епстин укажуваат на глобална криминална мрежа што би можела да претставува злосторства...

Свет23 часа

(Видео) Најмалку десет скијачи исчезнаа во лавина во Калифорнија: започната е спасувачка операција

Најмалку 10 скијачи се водат како исчезнати, а шест други се заробени и чекаат спасување во услови на обилни снежни...

Европа23 часа

Мечка забележана во близина на Будимпешта

Мечка е видена во близина на Будимпешта. Животното веројатно не е од дивината, туку избегало од приватна фарма, објави општината...

Македонија23 часа

Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво

Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради...

Македонија24 часа

(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино. „Особено...

Македонија1 ден

Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд

Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино,...

Македонија1 ден

Капиштец повеќе од шест часа без вода, дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт

Жителите на делови од скопски Капиштец повеќе од шест часа останаа без вода за пиење. Кај Цветен пазар вечерва е...