Македонија
(Видео) Ковачки: Таткото на Дрин Ахмети и шефот на ЈО сликани заедно, поради ова – ЈО ќе молчи, а и да отвори истрага, ќе ја затвори без обвинение
Прикажувајќи фотографија во домашна атмосфера, на која се братот на Али Ахмети и татко на Дрин Ахмети и Ислам Абази, шеф на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, истакна дека од тоа може да се заклучат поврзаноста и блискоста на Ислам Абази со кланот Ахмети и сосема е јасно, според него, зошто ЈО со денови молчи и не смее да отвори постапка како тоа внукот на Али, Дрин Ахмети стекнал 39 % од деловниот центар „Соравија“, без да плати ниту денар.
„Соопштението со кое ЈО ги повикува институциите да почнат постапка е смешно и трагично истовремено, а уште е потрагично тоа што Обвинителството потенцира дека отвора предмети по допрен глас кога има сериозен сомнеж за криминал. Па што е поочигледно од тоа внукот на Али Ахмети, политичар од кого зависи Владата, да добие 39 % од деловен објект вреден 30 милиони евра? Дрин Ахмети, внук на политичарот Али Ахмети, буквално, без да вложи денар, добива 12 милиони евра учество во деловна зграда. Дали тоа е нормална појава и пракса од секојдневниот живот, па за ЈО тоа воопшто не е сомнително? Или, пак, причината е тоа што братот на Ахмети, како што гледаме и на оваа фотографија, буквално му седи на глава на обвинителот Ислам Абази?“, прашува Ковачки.
Според него, кланот Ахмети е соголен пред целата македонска јавност.
„Народот виде дека додека Али е политичар, како неговото семејство се стекна со имот вреден десетици милиони евра. И да не поведе истрага ЈО, во што, по оваа фотографија на Ахмети, кој седи на главата на Абази, се сомневаме, на народот му е кристално јасно дека ДУИ и СДС треба да си заминат што побргу. А тогаш ќе има одговорност како за криминалците од ДУИ и СДС така и за обвинителите што ги штителе“, вели Ковачки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

