Македонија
(Видео) Костадинова: Капиталните проекти, како браната „Конско“, се инвестиција за иднината, барокот е враќање во минатото
Нема поголема инвестиција во иднината на државата од реализацијата на крупни инфраструктирни проекти кои ќе придонесат да се подобри квалитетот на живот на граѓаните и да се унапредат условите за развој на конкретни стопански гранки, истакна Марија Костадинова, пратеничка на СДСМ.
Според неа, браната Конско во Гевгелија е конкретен пример дека СДСМ е партија посветена на развојот и на градењето просперитетна иднина. Владата предводена од СДСМ, како што вели, го иницираше, го започна и целосно го реализираше најголемиот инфраструктурен проект во гевгелискиот регион во последните 50 години, вреден 40 милиони евра.
„Со новата акумулација на браната Конско се обезбедува вода за наводнување на околу 8.000 хекрати во целото Гевгелиско поле. Дополнително, со гордост најавуваме реализација на системи за наводнување на четири брани, со кои ќе се обезбедат услови за интензивно и конкурентно земјоделско производство во вкупно осум општини. Ова е најголема инвстиција во сегментот водоснабдување од осамостојувањето на државата.
Владата предводена од СДСМ покажа и докажа дека наш приоритет се крупни капитални инфраструктурни проекти кои се инвестиција во иднината, а не евтин барок кој е враќање во минатото.
Скапите гипсени фасади на ДПМНЕ мора да останат во минатото. На граѓаните не им е потребна евтина реприза од најкриминалното владеење во историјата на Македонија“, додава Костадинова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

