Македонија
(Видео) Костадинов: Почна процесот на самокандидирање за претседатели на општинските организации на СДСМ
„СДСМ суштински се менува во интерес на граѓаните и државата.Демонстрираната одговорност пред граѓаните и донесените одлуки за промени се во функција на забрзување на напредокот на земјата, обезбедување подобри услови во општеството и подобар живот за сите наши граѓани.
Преку јавен, отворен повик, денеска почнува процесот на самокандидирање за претседатели на општинските организации на СДСМ, откако со одлука на претседателот сите претседатели на општинските организации беа разешени”, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.
Тој ги повика сите заинтересирани членови на партијата кои ги исполнуваат критериумите согласно правилникот за кандидирање и избор на претседател за општинска организација, да поднесат кандидатури.
Отворениот повик и критериумите се веќе објавени на веб-страницата на партијата и во печатените медиуми.
„Отворени сме за сите оние кои сакаат да се вградат во овие внатрешни и системски промени, оние кои уживаат висок авторитет, углед и доверба во нивните средини ги повикуваме да се пријават на овој јавен повик.Ги охрабруваме претседателите на општинските организации каде што беше забележана победа на изборите повторно да се кандидираат. СДСМ има огромен потенцијал. Да го впрегнеме заедно, целокупниот капацитет во интерес на граѓаните и иднината на државата, да им служиме уште подобро”, изјави Костадинов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Празнично работно време на шалтерите на ЈП Водовод и канализација – Скопје
ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува граѓаните на град Скопје дека денеска (среда) шалтерите за наплата, шалтерите за рекламации, како и операторите во Дирекцијата на претпријатието ќе работат во периодот од 07:30 до 15:30 часот.
01.01.2026 година (четврток) е неработен ден.
Од 02.01.2026 година (петок), се продолжува со редовно работно време.
Македонија
Во прекин сообраќајот кон Ќафасан поради сообраќајка
Поради сообраќајна незгода сообраќајот према ГП Ќафасан е во прекин во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сончево време со температура до 6 степени
Времето ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до силен северен ветер и наместа ќе има услови за провејување на снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -4, а максималната ќе достигне од -3 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, претежно сончево и студено со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Во четврток и во петок ќе се задржи студено време со минимални температури кои насекаде ќе бидат негативни, а локално ќе се спуштат и под минус 10 степени.
Од петок и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи, претежно од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе биде во пораст.

