Македонија
(Видео) Костадинов: ВМРО ДПМНЕ е симбол за криминал и корупција
Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, изјави дека очекуваат надлежните институции да го пронајдат Сашо Мијалков и да постапат по судската наредба. Одговорност за бегството мора да има, истакна Костадинов.
„Многу нечисто, нечесно, па дури и перверзно изгледа кога од устата на Христијан Мицкоски излегуваат зборовите правда, правна држава, одговорност. Тоа е истиот тој Мицкоски што три години со сите сили правеше сè да ја попречи правдата. Да, тој е истиот Мицкоски што работеше против носењето на Законот за Јавното обвинителство, човек што предметите на специјалното јавно обвинителство ги квалификува како политички прогон. А токму во тие предмети се обвинети Сашо Мијалков и Никола Груевски, но и Орце Камчев. Предмети има и за Антонијо Милошоски, ама и за Игор Јанушев“, рече Костадинов.
Според него, ВМРО ДПМНЕ е симбол за криминал и корупција, а Мицкоски е, како што рече, единствен на браникот на криминалот на режимот.
Портпаролот на владејачката партија истакна дека Сашо Мијалков, кој го нарече олицетворение на криминалиот режим на ВМРО-ДПМНЕ, побегна од правдата.
„Одговорност за бегството на Мијалков мора да има, ама одговорност мора да има и за сите бивши и сегашни функционери од белиот дворец и ВМРО-ДПМНЕ против кои се водат процеси пред судовите“, додаде Костадинов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

