Македонија
(Видео) Костадинов: Време е за солидарност, да се помогнат претпријатијата пеплосани во пожарот во „Глобал“
Време е за солидарност, да се помогнат микро и малите претпријатија пеплосани во пожарот што го зафати „Глобал“. Сега е време за солидарност, помош и поддршка од сите за санирање на штетите предизвикани од пожарот што го зафати ТЦ „Глобал“ во Струмица, рече портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
Тој рече дека за време на вакви катастрофи добро е општините да излгуваат во пресрет.
„Општината да претставува инка каде што граѓаните ќе може, секако, на доброволна основа, да донираат средства сè со цел излегување во пресрет на оние микро и мали компании што ги има, пред сè, мислам на продавачите на тезги што ги имавме и ги имаме во трговскиот центар, односно Градскиот пазар ‘Глобал’. Сметам дека на тој начин навистина граѓаните ќе почувствуваат дека им помагаат на свои сограѓани, кои во еден толку важен период, во една светска пандемија, за жал, ги снајде дополнително една таква криза, како што е пожарот во ‘Глобал’“, рече Костадинов.
Портпаролот на СДСМ појасни дека кога спомнува поддршка од страна на граѓаните и секој што може не мисли само на финансии.
„Солидарност за мене е секако и помагање и при расчистување на самиот трговски центар, остатоците, пепелта што ја има, и тоа е солидарност“, рече Костадинов.
Тој информира дека добрата намера е препознаена од страна на градоначалниот на Струмица, но имајќи ги предвид законските обврски што ги има самиот градоначалник одредени работи да мора да поминат на Советот.
„Солидарност е не е милостина, туку чувство да се помогне во тешка ситуација“, рече Костадинов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

