Македонија
(Видео) Костадинов: Мицкоски да каже каква е неговата поврзаност со фирмата на баџанакот во Бугарија

,,ВМРО-ДПМНЕ никако не успеа да ги научи лекциите. Поразот, дебаклот што му се случи на Мицкоски на ТВ-дуелот не се покрива ниту затскрива со прес-конференција. Мицкоски е чест гостин во Струмица и јавноста знае дека е близок со својот баџанак, Јанев Јорданчо”, изјави
Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ и коалицијата.
Според него, токму баџанакот на Мицкоски има своја фирма во Република Бугарија, отворена за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, „Дано транс ЕООД“.
„Прашањето е кој е личниот интерес на Мицкоски од овие бизниси? Имајќи предвид дека оваа фирма е дел од најблиската фамилија на Хидро Мицкоски. Република Бугарија е членка на Европската Унија и интерес на секоја компанија е да излезе на пазарот од 500 милиони, впрочем затоа е важен процесот на интеграција во ЕУ. Ја разбираме нервозата кај Мицкоски но јавноста очекува одговори од него”, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром и Сопиште

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Црноризец Храбар. (општина Аеродром)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. 11 во Горно Соње. (општина Сопиште)
Македонија
Променливо облачно со слаб северен ветер, попладне врнежи од дожд

Променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат пообилни. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степен.
Во Скопје, променливо облачно со слаб северен ветер. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
До петок под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат обилни. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 30 l/m², а локално и над 50 l/m². Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, во четврток на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, во петок ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките места. На повисоките планини ќе се формира снежна покривка.Температурата на воздухот значително ќе опадне. Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето со пораст на дневната температура
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на приклучна цевка на булеварот Партизански Одреди бр. 59а, без вода ќе останат корисниците лоцирани на десната страна на потегот од булеварот 8-ми Септември до Франклин Рузвелт. (општина Карпош)
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.