Македонија
(Видео) Костадинов: Мицкоски и неговите подредени во МВР намерно ги саботираат владините мерки
Целата јавност вчера слушна како незрелиот и неодговорен Христијан Мицкоски ги прекршил мерките и задолженијата за спречување на заразата од коронавирусот, честејќи се во кафеана, рече портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов во денешната изјава за медиумите.
Тој нагласи дека ваквото однесување е директен доказ зошто општеството се соочува со втор бран на коронавирусот и констатира дека тоа пред се е од непочитување на мерките и неказнување од МВР.
„Нашата стратегија не е проблемот, проблемот е што Мицкоски и неговите послушници во МВР цело време намерно и организирано ја саботираат истата. Неговите гавази се бореа против цела држава за да ја сокријат посетата на кафеаната“, кажа Костадинов.
Според партискиот портпарол, лидерот на опозицијата лаже кога вели дека не бил запознаен со владините мерки.
„Нема ништо човечко во твоето однесување, каде твојата теретана и твоите кафеани се поважни од здравјето на луѓето. Сега што ќе измисли Наќе? Кој отсјај сега ќе те покрива“, запраша Костадинов и додаде дека срамот од ова однесување е голем, но одговорноста е поголема.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Претпладне услови за магла, преку денот сончево со умерена локална облачност
Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра. Во текот на денот ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.
Македонија
Несреќа на магистралниот пат кај село Дабиле, Струмица: сообраќајот во прекин
Од 02:15 часот сообраќајот на магистрален пат А4 кај село Дабиле Струмица е во прекин поради случена сообраќајна незгода, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

