Македонија
(Видео) Костадинов: Мицкоски не го брани Уставот, туку криминалите на својот шеф Груевски
Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, во врска со вчерашната поддршка на протестите од страна на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека оваа опозициска партија и Христијан Мицкоски не отстапуваат од режимското насилничко однесување на штета на граѓаните и државата.
„Мицкоски без срам ги нарече уставобранители и чесни луѓе оние што пред четири години насилно и со оружје упаднаа во Собранието со намера да убиваат пратеници, да тепаат новинари и вработени во собраниските служби. Тоа не се уставобранители, ниту некогаш ќе бидат. Тоа се насилници што шефот на Мицкоски во Будимпешта ги поттикна да извршат терористичко загрозување на уставниот поредок за да го спасат од одговорност за злоделата“, истакна Костадинов.
Според портпаролот на СДСМ, тие луѓе на 27 април, меѓу кои, како што рече, беше и Мицкоски, не го бранеа Уставот, туку криминалите на Никола Груевски.
„Денес, четири години подоцна, Мицкоски не само што не се извини, не само што не жали за крвавиот четврток, туку отворено застана во одбрана на насилници, криминалци и фашисти. 27 април е најцрн датум во историјата на македонската демократија, но и датум што ВМРО-ДПМНЕ го слави наместо да се извини. Тоа зборува дека ништо не е сменето во опозициската партија, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски е истата ВМРО-ДПМНЕ предводена Груевски. Тоа е насилничка партија, која сака одново да гази врз слободата, врз демократијата, да се пресметува со неистомисленици, да шири омраза и поделба меѓу граѓаните“, вели Костадинов.
Според него, Мицкоски не е поместен ниту милиметар од, како што нагласи, режимско-насилничката матрица на Груевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

