Македонија
(Видео) Костадинов: Мијалков беше принуден да се предаде
Преку силен одговор на државата, бегалецот Сашо Мијалков беше спречен да ја напушти државата и принуден да се предаде, а обезбеден е неговиот притвор, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
Според него, институциите, Владата и премиерот Зоран Заев презеле силна, координирана акција со која се обезбедила правдата.
„Правдата ќе ја има сè почесто, а почести ќе бидат и вакви одговори на институциите кон сите кои се ставаат над законот и се обидуваат да си играат со владеењето на правото. Обезбедувањето на присуството на бегалецот Мијалков не значи и ослободување на одговорност на оние поради кои се случи тој да биде недостапен до органите. Очекуваме брза, ефикасна истрага која ќе ги лоцира пропустите кои довеле до можноста за бегство на Мијалков и секако санкции за одговорните за кои ќе се утврди дека сториле свесни и намерни пропусти“, изјави Костадинов.
Дополнително, додаде тој, сите надлежни институции мора да имаат предвид дека навремено треба да се превенираат вакви обиди во иднина, имајќи предвид тежината на предметите за кои се водат судски постапки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, објектите на Дом за Малолетни Деликвенти. (општина Бутел)
Македонија
Непречен сообраќај низ државата, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне повремени врнежи од дожд, локално пообилни, попладне врнежите ќе престанат
Претпладне претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни со услови за појава на ретки грмежи. Попладне врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник ќе има локални врнежи од дожд со послаб интензитет и ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно со постудени утра, а локален дожд повторно се очекува во петок кон крајот на денот

