Македонија
(Видео) Костадинов: Нема да успеат обидите за враќање на државата во времето на режим и изолација
„Пред точно две години се затвори едно големо и клучно прашање за нашата држава. Храброста, визијата и државничките политики на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, доведоа до историско решение за отворање на иднината на нашата татковина, но пред сè на нашите сограѓани“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.
Според него, денеска сме горда, 30. членка на НАТО, македонското знаме гордо се вее пред седиштето на алијансата заедно со најсилните демократски држави во светот.
„Договорот нè донесе и чекор поблиску до ЕУ. Во март 2020 ЕУ донесе позитивна одлука за започнување преговори за членство на Република Северна Македонија. И додека Зоран Заев, СДСМ и Владата која ја предводи се поставија државнички и одговорно пред интересите на граѓаните, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ правеа сè за да го спречат напредокот и интегративниот процес. Само на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им пречеше што државата конечно тргна напред и стави крај на темното минато, на режимот и изолацијата.
Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ почитувани граѓани го критикуваа Преспанскиот договор и не го признаваа новото уставното име. Но, за волја на вистината, истото тоа име не им пречеше кога нивни пратеници добиваа плати од Собрание на Република Северна Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се закануваа дека ќе го поништат договорот и со тоа директно ќе го загрозат членството во НАТО и процесот за зачленувањето во ЕУ. Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се покажа и на дело. Додека пред граѓаните велеа и тврдеа дека Договорот со Бугарија бил капитулантски, Мицкоски пред премиерот Борисов јавно кажа дека го поддржува, односно се изрази на бугарски дека дава „поткрепа“. Класично однесување на лицемерниот Христијан Мицкоски. Со силна поддршка од граѓаните на исправните политики на СДСМ, деструктивните обиди за блокирање и кочење на напредокот од страна на ВМРО-ДПМНЕ не успеаја. Нема да им успеат ниту обидите за враќање на државата назад во времињата на режим и изолации. СДСМ била отсекогаш и останува на страната на напредокот, додека ВМРО-ДПМНЕ секогаш била на спротивната страна. На страната на режимот, на страната на криминалот, на страната на манипулациите. Токму затоа, почитувани граѓани, ВМРО-ДПМНЕ на 15 јули ќе биде убедливо поразен“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Потпишан Меморандум со највисоко рангираните универзитети во Македонија за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, објави Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Град Скопје, заедно со највисоко рангираните универзитети во Македонија потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со што академската заедница официјално се вклучува како активен и рамноправен партнер во овој значаен европски културен процес, информираат од Град Скопје.
Со Меморандумот се потврдува јасната европска ориентација на универзитетите и нивната улога како двигатели на знаење, креативност и иновации, како и нивната општествена одговорност во развојот на заедницата. Вклучувањето во „Скопје 2028“ отвора можности за интеграција на културата во наставните и истражувачките програми, поттикнување на студентската креативност и младинскиот ангажман, развој на интердисциплинарни и меѓународни партнерства и зголемување на академската видливост на европско ниво.
Академската заедница останува посветена на активна, професионална и визионерска улога во реализацијата на „Скопје 2028“, со цел зајакнување на европските вредности, продлабочување на интеркултурниот дијалог и создавање одржлива, солидарна и креативна иднина за Скопје и Македонија.
Македонија
Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели на миграција“ (Skills4Justice), спроведен во рамките на програмата на ЕУ за истражување и иновации Хоризонт Европа (HORIZON Europe). Настанот се одржа на Економскиот факултет при УКИМ, како национален координатор на истиот.
Во своето воведно излагање, таа истакна дека одливот на младите високообразовани и компетитивни македонски кадри е една од најголемите закани за македонскиот општествен развој, со сериозни демографски, економски, политички, научни и културни последици.
Според неа, со сè помалубројна и послаба епистемолошка заедница (професори, истражувачи, новинари-аналитичари, културни дејци), тешко е да се креираат добри политики во различни области.
Најдобрите си заминуваат во потрага по подобар живот, но и заради недостиг на меритократија (потценето знаење, талент, вештина и креативност), како и отсуството на владеење на правото и правдата при вработувањето и напредувањето, смета таа.
За неа, напливот на високообразовни институции со сомнителен квалитет, како и партизацијата и непотизмот, продуцираат некритична и послушна ,,интелигенција”.
Таа истакна дека борбата со егзодусот на најдобрите треба да почне со реформи во основното и средно образование, преиспитување на високообразовната мрежа и заострени критериуми при избор и кариера.
На крајот, претседателката укажа на потребата од воведување дуално образование во сите степени, преиспитување на преоптоварената високообразовна мрежа, организирање заеднички студии и проекти со други универзитети, ангажирање на македонските умови од дијаспората со помош на вештачката интелигенција и дигитализација.
Македонија
СДСМ: Македонија сака во ЕУ а ВМРО изолација
Македонските граѓани во големо мнозинство, над 70% сакаат членство во ЕУ. Додека Мицкоски и ВМРО намерно ја туркаат земјата кон изолација, далеку од ЕУ, истакнуваат од СДСМ.
„Известувачот за Македонија, Томас Вајс денеска изјави дека мора да се исполнат реформи и условот со уставни измени за да продолжи европскиот пат на земјата, при презентирањето на нацрт-извештајот за 2025 година.
Евроамбасадороот Михалис Рокас вчера беше дециден дека нема членство во ЕУ без право на глас и без право на вето.
Со ова, приказните на Мицкоски се разобличени целосно.
Исто како и празната националистичка реторика која веќе не поминува“.
Граѓаните, додаваат од СДСМ, го гледаат Мицкоски седнат во авион како се лукзуора на нивна сметка, со скапи часовници од 60.000 евра, со тендери како томбола за бизнис.
Тоа, како што оценуваат, е личен финаниски патриотизам.
„Зборува за меко ткиво а не знае дека и мозокот е меко ткиво.
Мицкоски, граѓаните имаат мозок“.

