Македонија
(Видео) Костадинов: Николоски да одговори за поврзаностa во меѓунардониот скандал „Кавијар димпломатија“
Реномирани европски тинк-тенк организации, германски и домашни медиуми откриваат нов меѓународен скандал, поврзан и со Александар Николовски, пратеник и висок партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ, истакна портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
Како што потенцира Костадинов, според објавените наводи, постои огромен коруптивен скандал со дел од пратениците на Парламентарното собрание на Советот на Европа и нивното политичко делување во Азербејџан.
„За да се квалификуваат изборите во Азербејџан како фер и демократски, дел од пратениците добивале пари, накит, скапи теписи, ноќевања во луксузни хотели во Баку и Инстанбул и што ли уште не. Ова особено за пратениците кои биле дел од набљудувачката мисија на изборите во Азербејџан во 2013 и 2015 година, како и на референдумот од 2016 година. Дел од таа мисија, а во еден наврат и шеф на мисијата бил и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски“, вели Костадинов.
„Дека ова не се само обични тврдења за наводна корупција, покажува и случајот со колегата на Николоски, италијанскиот пратеник Лука Волонте, кој пред неколку месеци бил осуден на четири години затвор поради примање мито од Азербејџан. Ова почитувани е тежок меѓународен скандал каде директно е вмешан Александар Николоски. Затоа Александар Николоски, потпретседателот на Христијан Мицкоски и негова лева рака, треба да излезе пред јавноста и да се произнесе за овие тврдења. Дали поради овој скандал од страна на одредени европски организации Николовски е наречен ‘лидер на измамничка набљудувачка мисија’“, запраша портпаролот и пратеник од СДСМ, Костадин Костадинов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски: Почна постапката за воведување директна авиолинија со Саудиска Арабија
Министерството за транспорт ја започна постапката за склучување на Спогодба за воздушен сообраќај со Кралството на Саудиска Арбија, информира министерот, Александар Николоски.
Тој вели дека целта на Спогодбата е воспоставување на правна рамка што ќе овозможи отворање на редовни авиолинии меѓу Македонија и Саудиска Арабија и потенцира дека досега меѓу двете држави не се одржувал воздушен сообраќај.
„Со Спогодбата се создаваат либерални и фер услови за работа на авиопревозниците, преку поттикнување на конкуренција, пониски цени за патниците, како и можност за воведување нови и поквалитетни услуги. Истовремено, Спогодбата гарантира највисоко ниво на безбедност и сигурност во воздушниот сообраќај во согласност со меѓународните стандарди“, вели Николоски.
Тој додава дека се очекува со воспоставувањето на редовни авиолинии меѓу двете земји да придонесе за зголемување на економската соработка, туризмот, трговската размена и севкупните билатерални односи.
Николоски најави дека Министерството за транспорт во следниот период ќе ги преземе сите неопходни активности за започнување на официјалните процедури за регулирање на воздушниот сообраќај, согласно националните прописи и меѓународните стандарди во областа на цивилното воздухопловство.
Македонија
(Фото) На повеќе локации низ Скопје паднаа дрвја, Ѓорѓиевски: Екипите се на терен, реагираме навремено
Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски извести дека градските служби веднаш излегле на терен и постапуваат со целосна мобилизација, со цел отстранување на опасностите и обезбедување безбедно движење за граѓаните.
„Се сечат и расчистуваат паднатите дрвја, се отстрануваат скршените гранки и се нормализира сообраќајот таму каде што имаше застој. Приоритет ни е безбедноста на граѓаните и непреченото функционирање на градот“, рече Ѓорѓиевски.
Тој апелираше до сите на зголемена внимателност додека траат активностите на терен.
Македонија
(Фото) Силниот ветер откорна покрив во училиште во Гевгелија
Преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава дека поради силен ветер летнала лимената конструкција од покривот на основното училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија, соопшти Центарот за управување со кризи.

Според информациите, нема повредени лица. Побарана е интервенција од службени лица од МВР, како и од надлежните институции.

Силниот ветер направи проблеми и во Скопје. На шест локации се пријавени паднати дрвја и искинати кабли, при што е причинета материјална штета на повеќе автомобили.
За состојбата се известени СВР Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, кои преземаат мерки во рамки на своите надлежности.

