Македонија
(Видео) Костадинов: „Преспа форум дијалогот“ е историски важен настан, кој носи зајакнување на нашите меѓународни позиции

„Преспа форум дијалогот“, што пред неколку дена се одржа во Охрид, е историски важен настан кој носи зајакнување и дополнителна афирмација на нашите меѓународни позиции, истакна денеска портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
„Како никогаш досега сведочиме на силна и на дело потврдена поддршка од нашите сојузници од западниот свет. Сите наши најважни меѓународни сојузници, во срцето на словенската писменост – Охрид, потврдија дека македонскиот идентитет и јазик се прашање што е затворено и кое не може да биде услов за напредокот кон ЕУ“, истакна Костадинов.
Костадинов посочи дека на целиот свет му е јасна цврстата определба да не се задира во македонскиот идентитет и јазик во изнаоѓањето решенија за продолжување на патот кон ЕУ.
„Нашите црвени линии се јасно поставени, а впрочем тоа го докажуваат и односот на Бугарија во изминатиот период и почитта што ја добиваме од нашите сојузници. Ставовите на СДСМ, на Владата, се јасни и повеќепати повторени како дома така и надвор – интеграција во ЕУ само како Македонци, со потврден македонски јазик и идентитет“, рече Костадинов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).