Македонија
(Видео) Костадинов: СДСМ се менува и отвора шанси за младите
Последните промени во партијата и во Владата се нова енергија, што треба да дадe дополнителен импулс во реализација на мерките што носат придобивки за граѓаните, порача портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
„СДСМ е препознаена како партија носител на промените, отворена за сите млади и докажани луѓе што сакаат да се вклучат во процесот на реформи“, рече партискиот портпарол истакнувајќи дека се дава простор за сите што сакаат и можат преку сопствен пример да дадат придонес во развојот на општеството.
Сепак, како што нагласи Костадинов, тоа не е случај и со опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Во белиот дворец остануваат заглавени во деструктивната матрица и во одбрана на криминалот и антидржавното однесување. Опозициската партија продолжува да работи исклучиво по насоките од Будимпешта и осудениот криминалец во бегство, Никола Груевски“, рече портпаролот на денешната прес-конференција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Приведен поранешен раководител на УЈП во акција поврзана со дискотеката „Пулс“
Во полициска акција приведен е поранешен раководител на подружница на УЈП, а опфатени се повеќе службеници и вработени, во рамки на истрага за дискотеката „Пулс“.
Од МВР најавија повеќе детали за подоцна.
„Полициски службеници од СВР Штип, ОВР Кочани во соработка со Одделот за криминалистичка полиција по насоки на ОЈО Кочани преземаат повеќе активности на неколку локации низ државата. По завршувањето на акцијата јавноста ќе биде соодветно известена“, соопшти МВР.
Македонија
Зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи за Никола Груевски, прашуваат од СДСМ
Скандалозните ставови на претседателката Давкова дека „не било време за реформи“ поради тоа што во Европа имало војни е политичко ехо на пораките на Никола Груевски, кој само неколку дена претходно од Будимпешта испрати идентичен наратив, велат од СДСМ.
Прашуваат зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи за Никола Груевски.
„Ова е доказ дека Груевски и понатаму ја води партијата од Будимпешта, а Мицкоски и Сиљановска се само формални извршители на неговите директиви.
Се повеќе станува јасно дека владата станува заробена од бегалец од правдата, кој од туѓа држава диктира што треба да се случува“.
Македонија
До недела дожд, на повисоките планини и снег, најавуваат метеоролозите
До недела ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Утре и во сабота наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 литри на метар квадратен за 24 часа, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на грмежи. Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Во понеделник и вторник утринските температури значително ќе опаднат.
Во Скопје, до недела ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Во сабота во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за ретки грмежи.

