Контакт

Избори 2019

(Видео) Костадинов: Сиљановска ja поддржуваат насилници и криминалци

Објавено пред

Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска е поддржана од насилници и криминалци осудени за насилствата од 27 април, рече денеска во изјава за медиуми портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

dobivaj vesti na viber

Тој јавно праша дали Сиљановска ја купила поддршката од овие насилници и криминалци со нејзиниот молк за крвавите настани.

„Меѓу поддржувачите на Сиљановска е и Игор Југ, познат на јавноста како еден од осудениците, осудени за настаните од 27 април за терористичко загрозување на уставниот поредок. Меѓу нејзините поддржувачи е и осудениот криминалец во бегство Никола Груевски. Осудени криминалци стојат зад Сиљановска, а тоа кажува сè“, изјави партискиот портпарол.

Костадинов посочи дека граѓаните не смеат да дозволат на висока државна позиција да има човек зад кого стојат луѓе од ваков калибар.

„Затоа ли Гордана Сиљановска не го осуди насилството, обидите за убиства на пратеници? На државата не ѝ треба тоа. На државата ѝ треба вистински претседател кој навистина ќе се залага за правда и правичност“, истакна тој и ги повика граѓаните в недела да дадат поддтшка за концептот кој води напред.

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

dobivaj vesti na viber

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

dobivaj vesti na viber

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

dobivaj vesti na viber

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Тошковски: Нема да поднесам оставка

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на неговиот „Фејсбук“ профил реагира соопштението на СДСМ во кое се бара негова оставка....

Македонија11 часа

Во вооружениот напад во Куманово е повреден докторот Зекирија Шаини, од Здравство велат дека е во стабилна состојба

Министерството за здравство со вознемиреност ја прими веста за вооружениот напад во Куманово при кој беше повреден нашиот колега, доктор...

Македонија12 часа

Нема индиции на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово, соопштија од Јавното обвинителсто. „Во однос на настанот...

Македонија12 часа

Поради сериозни пропусти, Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, информира дека Владата еднострано...

Македонија13 часа

Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман: две лица уапсени

По добиени сознанија за можен нехуман третман на стари лица – корисници на услуги за вон-семејна заштита, Основното јавно обвинителство...

Топ16 часа

Татко ги допирал по телата неговите 16-годишни ќерки во Кавадарци

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Д.Г.(40) од Кавадарци. Тој, како што соопшти полицијата, се сомничи за сторено кривично дело...

Македонија17 часа

Од наредната година, првиот извод на бебето родителите ќе го добиваат во болница

Од наредната година, првиот извод на бебето родителите ќе го добиваат во болница, најавија Владата и Министерството за дигитална трансформација....

Македонија18 часа

Македонија од денес и официјално дел од СЕПА: полесни и побрзи плаќања во евра

Министерството за европски прашања информира дека од денес, 7 октомври 2025 година, Република Северна Македонија официјално започнува со примена на...

Топ18 часа

Две Италијанки уапсени на Табановце, кај нив се пронајдени семки од канабис, ЛСД, кесичка со суви печурки

Вчера во 20:20 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода 33-годишните Џ.П....

Топ18 часа

Уапсен маж од скопско Мирковци, фатен како краде нафта од училиште

Вчера во 21:25 часот полициски службеници од СВР Скопје поради сомнение за сторено кривично дело согласно член 236 од Кривичниот...

Топ19 часа

Полициска потера на патот Скопје – Велес: испукан предупредувачки куршум, криминалците со возило излетале од коловозот

Вчера во близина на населбата Нова Колонија полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, постапувајќи по план од СВР...

Европа21 час

Орбан: Зеленски ја користи својата вообичаена тактика, но унгарскиот народ одлучи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски за „користење на неговата вообичаена тактика на морална уцена“. „Се...

Европа21 час

(Видео) Украински напад на 2000 километри од фронтот: рафинерија погодена во далечниот Сибир

Украински беспилотни летала наводно го нападнале сибирскиот град Тјумен доцна синоќа, на повеќе од 2.000 километри од линијата на фронтот,...

Свет22 часа

(Видео) Трамп: Грета е луда, треба да оди на лекар

Американскиот претседател Доналд Трамп беше прашан од новинарите во Овалната соба за депортацијата на Грета Тунберг и други пропалестински активисти...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: Цинизам и хипокризија е да барате од некого да биде отпорен на трети влијанија, оставајќи го пред портите на Европската Унија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на годинешната средба на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони“, којашто се одржа во Драч,...

Македонија2 дена

За пет дена 2.267 сообраќајни прекршоци, уапсени се 22 лица

Од почетокот на месец октомври полицијата констатирала 2.267 сообраќајни прекршоци, а 22 лица се уапсени за безобзирно управување на возило,...

Македонија2 дена

(Видео) Николоски: Јасно е дека Заев ги влече конците во СДСМ

Јасно е дека Заев ги влече конците и во време на претходниот претседател на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски и...

Топ2 дена

Жител на Кочани пронајден мртов во Љубљана, од МНР велат дека случајот го истражува полицијата

До македонската амбасада во Љубљана е доставено известување дека во текот на ноќта на 2 октомври, животот го загубил македонски...

Македонија2 дена

Помошник на министерот за внатрешни работи незаконски зел надоместоци за прекувремена работа и бонус плата

Полицијата поднесе кривична пријава против помошник на министерот за внатрешни работи, раководител на Одделот за дисциплински и судски постапки, затоа...

Свет2 дена

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата на коронавирус?

Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, даде интервју за унгарскиот медиум „Партизан“. Меѓу другото, таа зборуваше за конфликтот во Украина. „Во...