Македонија
(Видео) Костадинов: Собранието со 80 пратенички гласа покажа дека е за силна правна држава и европска иднина
Извршителот Христијан Мицкоски не успеа во својата намера да го блокира законот за ЈО. Победи правдата! Собранието со 80 пратеници покажа дека е за силна правна држава, за владеење на правото и за одговорност за сите, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
„Собранието со 80 пратенички гласа покажа дека е за европска иднина на нашата држава. За нас е од огромно значање што само 6 пратеници се изјаснија против гласаа против законот за ЈО. Недвосмислено покажавме дека сакаме правна држава и дека ги почитуваме законите на Република Северна Македонија.
Законот за јавно обвинителство којшто Собранието денеска го усвои гарантира дека сите судски предмети кои произлегоа од СЈО ќе имаат правна завршница, а постапките за овие процеси ќе бидат професионални, фер и базирани на докази.
Усвојувањето на Законот за јавно обвинителство значи и огромен придонес кон европската перспектива на државата и приближувањето до ЕУ. Денеска ќе гласаме и за распуштање на Собранието и на 12 април да одиме на предвремени парламентарни избори.
Ги почитуваме законите и го почитуваме она што е договорено. Тоа го покажавме и до сега. Иако до овој момент сеуште немаме предлог од ВМРО-ДПМНЕ за министер за труд и социјална политика подготвени сме да дадеме шанса и да пружиме рака.
Оставаме простор и ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да достават предлог и веднаш да гласаме за министер за труд и социјална политика,за да немаат никакво алиби за бегање од предвремени парламентарни избори“ рече Костадинов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денес во 12 затворени улици во Скопје, ќе се протестира против Усје
Во централното подрачје на Скопје денеска ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради протестниот марш „Стоп за Цементара“, закажан во 12 часот.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, маршот почнува пред Владата на булевар „Илинден“, десно по булевар „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улица „11 Октомври“ до пред Собрание и лево по улица „Филип Втори Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
– Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, се наведува во соопштението.
Македонија
Прoменливо облачно со слаб повремен локален дожд
Времето денеска ќе биде прoменливо облачно со слаб повремен локален дожд, а на планините и на повисоките места ќе има слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до шест, а максималната ќе достигне од седум до 11 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до 10 степени.
УХМР информира дека ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има утре кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ реагира: Ако СДСМ не ја краделе државата, минималната плата денес ќе беше и повисока
Предлог-законот на СДСМ за минимална плата од 600 евра е доказ дека доколку не ја краделе државата додека биле на власт, работниците денес ќе имале и повисока минимална плата, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека СДСМ денес поднеле предлог-закон со кој се предвидува минимална плата од 600 евра и дека во истиот навеле дека за таа мерка се потребни околу 7,5 милијарди денари, односно околу 110 милиони евра, но не објасниле од каде би се обезбедиле тие средства.
Според ВМРО-ДПМНЕ, добрата страна на предлог-законот е што, како што велат, покажува дека СДС имале можност во минатото да ја зголемат минималната плата и до 600 евра, но тоа не го направиле.
Во реакцијата се наведува и дека доколку не била дозволена злоупотреба на околу 170 милиони евра државни пари за набавка на, како што велат, канцероген мазут со кој бил загадуван воздухот, работниците денес можеле да имаат и повисока минимална плата, можеби и од 700 евра.
Од ВМРО-ДПМНЕ дополнуваат дека СДСМ и ДУИ, според нив, наместо да работат во интерес на граѓаните, гледале како да ја ограбат државата и да си ги наполнат сопствените џебови.

