Македонија
(Видео) Костовски: Мандатот на Смилевски помина во лага и неспособност, без реализација на еден проект
Општина Бутел е целосно заборавена општина. Поминаа четири години од мандатот на градоначалникот во обид, Велимир Смилевски. Четири години лаги и класична неспособност на дело, обвини пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски.
Тој нагласи дека Смилевски предизборно ветувал десетина покрупни проекти за општина Бутел, а од нив немало ниту трага.
„Од таму нема ниту логика да зборуваме за процент на реализација на неговата предизборна програма. Одговорно тврдам Смилевски нема реализирано буквално ништо од ветеното“, рече Костовски.
Ветената поликлиника, како што додаде, ќе остане една од поголемите лаги во историјата на општина Бутел, а ветените гасификација и парно греење, според Костовски, се класични политички измами што граѓаните нема да му ги простат.
„Смилевски вети нови детски градинки, паркови, плоштади, спортски комплекси, уредување на коритото на реката Серава, противпожарен пункт, нова полициска станица, сето наведено од ветување прерасна во безобразна политичка лага, која максимално го спушти стандардот за локални избори во нашата општина Бутел. Градоначалникот во обид, Велимир Смилевски, во населените места Бел Камен и Кучевачка Бара вети канализација, а во селото Љуботен, Велимир Смилевски заедно со својот шеф Зоран Заев на еден собир сурово ги прелажаа мештаните и ветија дека прв приоритет ќе им биде поставување водовод во селото. Секако, ништо од тоа“, изјави Костовски.
Тој посочи дека Општината за четири години потрошила речиси 2 милиона евра за непотребни, непродуктивни привремени вработувања и со тоа е државен рекордер по привремени вработувања.
„Жителите на Бутел знаат дека еден градоначалнички мандат не смее да се сведе на асфалтирање неколку улички, променување улични светилки и пребојадисување училишни огради. Токму затоа многу бргу граѓаните на општина Бутел непосредно ќе ги казнат СДСМ и Смилевски како најнеспособна комбинација која владеела со општина Бутел. Овие залудно потрошени 4 години ќе мора да се вратат со многу добар план, многу работа и чесност“, порача Костовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

