Македонија
(Видео) Коцевски: Спасовски со свој потпис го назначил командирот Аме, кој издржал затвор за шверцување

„Оливер Спасовски на командирска позиција во РЦ Запад, на ГП Блато, назначил осудено лице што веќе лежело затвор за шверцување и злоупотреба на службената положба. Оливер Спасовски, наместо да се извини и да го разреши Бесфор Аме, осуден криминалец со издржан затвор, тој го штити. Вчера, објавивме дека со потпис на Спасовски, Бесфор Аме, дел од аферата ‘Милка’, кој како полициски службеник овозможил шверцување стока од Македонија во Албанија, е назначен на командирска позиција во РЦ Запад, ГП Блато. A Оливер Спасовски, наместо да го разреши и самиот да понесе одговорност, се крие зад соопштенија“, рече на денешната прес-конференција Зоран Коцевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Коцевски вели дека „сегашниот командир на ГП Блато, Бесфор Аме, во 2013 година на граничен премин во оперативна акција е документиран, а потоа и обвинет и притворен, за на крајот и осуден со казна затвор за шверцување и злоупотреба на службената положба и овластувањето“.
„Бесфор Аме е правосилно осуден и издржал и 3 и пол години затвор затоа што како полициски службеник бил дел од аферата ‘Милка’, во која полициските службеници зеле по 3,5 евра од килограм добиток за шверц преку граница од Македонија во Албанија“ вели тој.
Од опозицијата бараат „Спасовски да каже дали Бесфор Аме е назначен за командир на ГП Блато за да може да продолжи со прекуграничен криминал?“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Општина Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на шибер од ф – 80 мм на ул. Руѓер Бошковиќ бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од бул. Осми Септември до раскрсница со ул. Никола Тесла. (општина Карпош).
Македонија
Мицкоски ќе се сретне со Орбан во Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски в петок ќе присуствува на CPAC конференција во Будимпешта, Република Унгарија, соопшти владината прес-служба.
Мицкоски во рамки на посетата ќе се сретне со унгарскиот премиер, Виктор Орбан.
Македонија
Сојузниците од НАТО треба да трошат по 5 отсто од БДП за одбраната, му рекол Рубио на Муцунски

Државниот секретар на САД, Марко Рубио на средбата со шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, нагласил дека е неопходно сојузниците во НАТО да дадат поддршка и да постигнат 5 отсто издвојување за одбраната, соопшти Стејт Департментот во соопштение по средбата.
Двајцата ја потврдиле силната врска меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија и ги истакнале заедничките интереси во однос на регионалната стабилност, економската соработка и НАТО.
Тие разговарале и за можностите за проширување на економската соработка, вклучувајќи ја трговијата и инвестициите.
Муцунски по средбата соопшти дека е потврдено стратешкото партнерство со САД, а нашата држава продолжува да дава активен придонес како кредибилен сојузник, со инвестиции повеќе од 2 отсто од БДП во одбранбениот сектор.