Македонија
(Видео) Кочоска: Да се истражат скандалот со Еуростандард банка и улогата на власта
„Небулозна, контрадикторна и обременета со политички мотиви е констатацијата на Државната комисија за спречување на корупцијата за улогата на министерката за финансии, Нина Ангеловска, во врска со скандалот со Еуростандард банка, вреден 200 милиони евра“, изјави Гордана Димитриеска-Кочоска, претседател на Комисијата за материјално-финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа, констатацијата дека имало повреда на етичките норми, дека таа би можела да знае за пропаѓањето на банката, ама нема кривична одговорност, претставува потценување и поигрување на здравиот разум со јавноста и граѓаните.
„Правото почива на етички норми и самата констатација дека има повреда на етичките норми, ама нема кривична одговорност, е контрадикторно. Оттука, реалната ситуација налага дека денес ние имаме сериозен крах во економијата тежок 200 милиони евра, сто илјади сметки, кои се блокирани, 40-ина илјади пензионери, кои останаа без своите пензии, измамени штедачи, над 50-ина милиони евра дадени во лоши кредити, без покритие, меѓу кои и на компании од Струмица блиски до власта, државни институции, кои затаиле во алармот и дејствувањето банката да не пропадне, а за државната Комисија за спречување на корупцијата нема кривична одговорност. Се добива впечаток дека исто како што молчеа НБРМ и гувернерката, исто како што молчеа Агенцијата за финансиско разузнавање и Министерството за финансии, сега државната Комисија за спречување на корупцијата се впушта во одбрана на ваквиот скандал тежок 200 милиони евра. Несомнено се констатира дека министерката за финансии, Нина Ангеловска, знаела за пропаѓањето на банката бидејќи знаел и премиерот за тоа и министерката ги извлекла своите пари од Еуростандард банка на еден и пол месец пред прогласувањето на стечајот. Во секоја друга држава во светот кога министер за финансии ќе извлече пари од банка што пропаѓа и има скандал од 200 милиони евра, тоа е огромна афера, во кој се бара кривична одговорност и се поднесуваат оставки“, вели таа.
„Како тоа никој во државата не се заинтересира да истражи кои се тие кредити што се давани без покритие поради кои банката пропаѓа, какво е учеството на власта во сето тоа и како пропаѓа банка, а никој нема кривична одговорност. Потребно е Обвинителството да ја истражи улогата на премиерот во тоа време – Зоран Заев, на министерката за финансии, Нина Ангеловска, на финансиските институции кои сериозно затаиле во својата работа. Кога државата молчи, а ни се случува скандал од 200 милиони евра и стотина илјади граѓани и компании со блокирани сметки, или нема институции или тие се силно криминализирани“, додава Димитриеска-Кочоска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

