Македонија
(Видео) Краткото невреме остави последици: искршени автомобили, потоп во Козле, блокирани улици од дрвја
Искршени автомобили, паднати дрвја и блокирани улици се забележуваат по силното невреме што го зафати Скопје.
Едно од дрвјата во населба „Мичурин“, во Аеродром падна врз автомобили, а настрада и возило во движење.
Од ЦУК информираа дека за среќа дрвото паднало врз задниот дел од автомобилот кој се движел.



Во Козле улиците се поплавени од вода.
Под вода се и дел од улиците во Аеродром.
Како што претходно објави „Макфакс“, паднати дрвја во близина на транспортниот центар, на улицата Симеон Кавракиров.

УХМР за денес најави дека попладне и во вечерните часови на места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Метеоролозите прогнозираа дека локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

Преодно стабилизирање на времето се очекува во понеделник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

