Македонија
(Видео) Кржалоски: СДСМ ги излажа младите – од понеделник ќе остават илјадници ученици без книги
,,СДСМ ги разочара младите. Повеќе од една година како СДСМ е на власт, а разочарувањата ги надминуваат дури и ветувањата. Образованието е сегмент кој најмногу настрада од неодговорната политика. Иако бевме сведоци на многу најави за инвестиции, реформи и подобри услови, нема ништо од нивна реализација. Од понеделник стартува учебната година, а илјадници основци и средношколци ќе ја почнат годината без учебници. Како што известија медиумите учебници ќе нема за поголем број на предмети низ целата држава. Ова е резултат на неодговорноста на власта. СДСМ имаше доволно време да обезбеди учебници, но не го направи тоа. СДСМ не направија ништо, дури ни она што го ветуваа како приоритети”, изјави Лука Кржалоски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, едно од најголемите ветувања на СДСМ беше дека ќе започне со изградба на нови средни училишта во Тетово, Аеродром, Арачиново и Ново Село и тоа уште во првите 6 месеци откако ќе дојдат на власт. Денес, после повеќе од една година, нема ништо од најавеното. Проектите не се ни на повидок.
,,СДСМ вети дека ќе го реализира предлогот кој дојде токму од УМС во предизбoрната кампања – „Математичка гимназија“. Сепак, во општина Аеродром локацијата се уште е празна ливада. Проектот воопшто не е ни почнат. СДСМ вети и дека ќе изврши намалување на бројот на ученици во основното и средното образование во паралелки од 25 ученици. Но единствено на што работи е забрзување на трендот на иселување наместо реогранизација на наставата.
Најголемите ветувања на СДСМ беа насочени кон студентите. Ветуваа изградба на студентски град и тоа во првите 6 месеци од преземањето на функцијата и подобар студентски стандард, погодности за студентите и младите невработени. После повеќе од 14 месеци власт, овие проекти останаа на хартија а студентите се измамени. СДСМ лажеше и манипулираше. За повеќе од една година покажаа дека немаат намера да направат нешто за младите”, вели тој.
Според Кржалоски, ВМРО – ДПМНЕ во новата програма планира пристапи кои ќе ги поттикнат најдобрите студенти, ќе направат мост помеѓу образованието и бизнис заедницата, ќе ги подобри состојбите во образованието и ќе понуди остварливи цели за нормализирање на животот на младите, тука, во Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Од денеска следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во текот на денешниот ден засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

