Македонија
Кривична пријава за цементарницата поради огромно загадување
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, ќе поднесе кривична пријава против цементарницата „Титан Усје“ оти инспекторите од Град Скопје и од Министерството за животна средина утврдиле дека испушта штетни честички и гасови трипати над дозволените граници.
„Презедов иницијатива за поведување кривична постапка против цементарницата ‘Титан Усје’ за непридржување кон прописите за заштита и унапредување на животната средина, со што се загадуваат воздухот, почвата, водата во поголем обем и со што се предизвикува опасност за животот и за здравјето на луѓето. Граѓаните на Скопје недозволиво е да бидат жртви на профитите на неколкумина, кои со децении нè трујат обидувајќи се со донации во општините со коруптивно однесување од најразновиден вид влијанија да се амнестираат за одговорноста за загадувањето на животната средина од која илјадници наши сограѓани страдаат од многубројни заболувања“, рече градоначалничката Арсовска.
Мерењата, по иницијатива на Град Скопје, ги направиле заеднички со Министерството за животна средина на 26 и 27 декември минатата година и на 3 и 4 јануари оваа година. Во двата наврата Арсовска извести дека се измерени огромни пречекорувања на дозволениот испуст на гасови и честици што го загадуваат воздухот. Во декември измерени се трипати повеќе ПМ 10-честички од дозволената граница, а слични биле резултатите и од овој месец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Облачно време со врнежи од дожд и температуриа до 9 степени
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 35 l/m²). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Во повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Утре на планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег. Од недела времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму температурата ќе остане пониска.
Македонија
АМСМ: Тековен сообраќај по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Потсетување дека патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.
Македонија
Дел од корисниците од Гази Баба без струја
Дел од корисниците од Гази Баба денеска ќе останат без струја.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 28.11.2025 година ( Петок ) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08:30 до 14:30 часот, корисниците на ул.2 во Раштак ( општина Гази Баба )“, информира РЦУК.

