Македонија
(Видео) Кузеска: Напумпаните бројки на ДПМНЕ се покажа дека немаат никаква врска со реалноста
„Сите лажни анкети на ДПМНЕ паднаа во вода, заедно со цела нивна пропаганда. СДСМ вчера покажа дека сите напумпати анкети не се точни, дека ниту имаат некаков рејтинг, ниту дека разликата е 2:1. Напумпаните бројки на ДПМНЕ се покажа дека немаат никаква врска со реалноста“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„За еден ден СДСМ собра преку 22.000 потписи за кандидатурата на Стево Пендаровски а ДПМНЕ собра само 2-3 илјади потписи повеќе за Силјановска.
СДСМ за еден ден ги собра потписите иако организираше и осмомартовски марш со над 6.000 луѓе и Конгрес каде што ја потврдивме кандидатурата на Пендаровски.
СДСМ покажа организациска и теренска супериорност.
Затоа на ДПМНЕ им беше потрбен уште еден ден, со платени потписи на нотар.
Значи ДПМНЕ два дена се мачи да собере потписи за Гордана Сиљановска Давкова и да излегува денеска со некакви бројки откако листите за Пендаровски се повлечени.
Откако видоа дека ја немаат поддршката, односно дека граѓаните се потпишуваат за Пендаровски преминаа со потписи на нотар кои треба да се платат.
ДПМНЕ потписите ги собираше два дена, бидејќи нотарите не работат во недела.
Сликата е јасна! Гордана Сиљановска и ДПМНЕ ја немаат поддршката од граѓаните како што лажно прикажуваат.
И тоа не е изненадување. Сиљановска е личност која ги изгуби изборите пред пет години, наследник на политиките на Ѓорѓе Иванов и послушник на ДПМНЕ.
Изборот на Стево Пендаровски за втор мандат за кого вчера за само неколку часа се потпишаа над 22 000 граѓани, значи стабилност, значи Претседател на држава кој ја носи државата кон членство во Европската Унија.
Претседател без ниту една афера, кој нема да отстапи од правилните принципи и кој се грижи за сите граѓани еднакво“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Топло со умерена облачност, температурата до 25 степени
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. На североистокот ќе има услови за појава на краткотраен дожд.
Ќе дува слаб до умерен, а по должината на Повардарието краткотрајно засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степен.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Ќе настапи преодно стабилизирање на времето со позначителен пораст на дневната температура. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Повремена претежно попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи, со променлив интензитет, ќе има сѐ до средината на следната недела.
Скопје
108 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои девет мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење на сигурносен појас…“, извести МВР.
Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.