Македонија
(Видео) Кузеска: Најголемите лаги на Мицкоски – фабрика за автобуси во Скопје со 500 вработени
„Христијан Мицкоски цела 2022 година ги лажеше граѓани. Под заложништво на Димитар Апасиев и Левицата, Мицкоски лажеше за македонскиот јазик, ја плашеше јавноста со асимилација и бугаризација. Како шпицен градоначалник Мицкоски лажеше за набавка на 100 еколошки автобуси за потребите на Град Скопје. Оваа лага тој ја прошири со најава за отворање фабрика за производство на електрични автобуси“, посочи денеска на прес-конференција Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ.
Кузеска го цитира Мицкоски од март годинава:
„…со сите потенцијални снабдувачи се разговара и за отворање фабрика во Скопје за производство на електрични автобуси и вработување минимум 500 луѓе…“
„Исто како и стоте автобуси, денес ја нема ниту фабриката што Мицкоски ја најавуваше. Поради неспособноста на градската власт од ВМРО-ДПМНЕ, не функционира ниту постојниот јавен превоз“, посочи таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

