Македонија
(Видео) Кузеска: Поголеми плати, пензии, инвестиции и поголем економски раст во 2024 година
Годината што е пред нас ќе биде уште подобра од изминатата на економски план. Платите, пензиите и инвестициите ќе продолжат да растат, економијата ќе се развива позасилено, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Според неа, влијанијата на шоковите од енергетската и економската криза врз глобалните економии сѐ уште се присутни, но антикризните мерки го даваат посакуваниот резултат.
„Економскиот раст оваа 2024 година ќе се забрза на 3,4 %, инфлацијата ќе продолжи да се намалува под 4 %, а буџетскиот дефицит ќе биде помал. Во буџетот за 2024 година веќе се предвидени дополнителни 160 милиони евра за повисоки плати и дополнителни 170 милиони евра за повисоки пензии во согласност со новата методологија. Просечната месечна плата за вработен СДСМ ја покачи на 39.000 денари или 630 евра. Во времето на ДПМНЕ просечната плата изнесуваше околу 22.000 денари“, рече Кузеска.
Оваа година, како што рече, ќе има и ново зголемување на минималната плата.
„Во споредба со времето на ДПМНЕ, СДСМ за 50 % ја зголеми минимална пензија и за 50 % ја зголеми просечна пензија. Пензиите ќе продолжат да растат со СДСМ и оваа година. Во времето на ДПМНЕ невработеноста беше 25 %, со СДСМ невработеноста во овој момент е околу 14 %. Странските инвестиции во 2016 година во времето на ДПМНЕ изнесуваа 338 милиони евра. Во 2022, годината по пандемијата на Ковид-19 и во ек на глобална економска и енергетска криза, односно во времето на СДСМ, изнесуваа речиси 754 милиони евра. Двојно повеќе од она што биле во 2016 година. Инвестициите во ТИРЗ во времето на ДПМНЕ во 2016 изнесувале кумулативно 600 милиони евра. Во 2023, во времето на СДСМ, кумулативно изнесуваат 2 милијарди евра“, рече таа.
Кузеска оцени дека социјалдемократските политики во економијата се покажале како најуспешен економски модел, кој носи повеќе за сите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

