Македонија
(Видео) Кузеска: Растат платите, невработеноста на историски ниско ниво – тоа се докази за успешните политики

Со надминување на корона-кризата македонската економија денес е стабилна, развојна и се движи во добар правец, порача денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Имаме историска стапка на невработеност од 16 отсто, а просечната плата за април 2021 година е 10 отсто поголема во однос на истиот месец од 2020 година“, нагласи таа.
Портпаролката посочи податоци од Државниот завод за статистика, според кои, во првите пет месеци од годинава забележан е раст на извозот од 58,2 отсто во однос на истиот период лани.
„Сето ова се показатели што говорат за успешноста на економските мерки на Владата предводена од СДСМ. Како одговорна партија, постојано сме посветени на мерки и политики што го унапредуваат животниот стандард на граѓаните и придонесуваат за засилен економски развој“, истакна Кузеска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на и улиците Тиквешка, Демир Хисарска и улица Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЦУК известува дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф-1“ на улицата Охридска 50, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од на дел од улица Охридска и дел од улица Петричка, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.
Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме.
Времето во наредните денови
Утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Потоа следува период на претежно стабилно време со слаб до умерен северен ветер.