Македонија
(Видео) Кузеска: СДСМ ја почна постапката за утврдување кандидат за претседател на државата
„СДСМ ја почна постапката за утврдување кандидат за претседател на државата за претседателските избори оваа година. Како партија со најголема внатрепартиска демократија во земјата, СДСМ спроведува транспарентна и демократска постапка за избор на најдобриот кандидат“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„СДСМ го избира победничкиот кандидат, кој ќе биде иден претседател на Републиката. Веќе е тек номинацијата на можни кандидати за претседател на државата во рамките на месните одбори во општинските организации на СДСМ.
Дополнително, отворен е и јавен повик за самокандидирање преку оглас во дневни весници на македонски и албански јазик.
Со сите документи и формулари, од денеска јавниот повик е достапен и на официјалната интернет-страница на СДСМ.
Даваме можност за самокандидирање и на личности што не се од СДСМ, но ги споделуваат социјалдемократските вредности.
Сите кандидати мора да ги исполнуваат највисоките критериуми. Да имаат висок општествен углед и кредибилитет, да уживаат доверба од членството, симпатизерите.
Да ги делат вредностите на социјалдемократијата, да ги почитуваат посебностите на сите наши граѓани, без разлика на верска и етничка припадност, и да се обврзат на неуморна работа за меѓународниот углед на татковината и исполнување уште една стратешка и национална цел: членство во ЕУ.
Сите кандидати мора да го прифатат, да го почитуваат и да се придржуваат кон кодексот за однесување на членовите и функционерите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Нашите вредности нѐ дефинираат и нѐ разликуваат од антиевропските и недемократски партии, како ДПМНЕ и Левицата. Ги повикуваме сите што ги исполнуваат критериумите и кои се заинтересирани да се пријават. За текот на процесот ќе ја информираме јавноста.
СДСМ ќе го има новиот претседател на државата, СДСМ ќе ја формира иднината европска влада и заедно ќе ја внесеме земјата во ЕУ во новиот мандат“, соопшти Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир, Бутел и Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот корисниците од дел од улицата Бајрам Шабани и дел од улицата Чаирска, општина Чаир;
· во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од објектите околу Фитофарм-Визбегово, општина Бутел;
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот корисниците позади бензинската ОКТА во Шуто Оризари, општина Шуто Оризари.
Македонија
Делови од Карпош и Шуто Оризари денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Демирхисарска бр 13 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демирхисарска, од 17:30 часот до завршување на дефектот, општина Шуто Оризари.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Софиска 7, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Бриселска, Петар Драганов, Његошева, Копенхагенска и Стокхломска, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото постудено и магливо, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото постудено со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.
Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а дневната температура ќе биде во пораст, особено во деновите од викендот. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла.

