Македонија
(Видео) Кузеска: Со ребалансот на буџетот 470 милиони евра се обезбедуваат за поддршка на граѓаните и стопанството

„Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжуваат сo силна, ефикасна и навремена поддршка за компаниите погодени од негативните економски последици од коронавирусот. Со ребалансот на буџетот 470 милиони евра се наменети за реализација на четвртиот пакет економски мерки за спас на работните места, за зајакнување на приватната потрошувачка и за конкретна помош за стопанството“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Според неа, една од мерките за помош на приватниот сектор во овој четврти пакет е државната кредитна гаранција.
„Со оваа мерка на располагање се ставаат 10 милиони евра, пари за поддршка на компаниите за полесен пристап до евтини финансиски средства преку преземање дел од кредитниот ризик. Со државната гаранција од 10 милиони евра на стопанството ќе му бидат на располагање кредити со вредност од 65 милиони евра.
Покрај кредитната, следува реализација и на мерката државна царинска гаранција, којa има цел да им обезбеди поголем извоз на компаниите и полесен пристап до суровини. Со 3 милиони евра државна гаранција за обезбедување на царинскиот долг ги поддржуваме извозот и увозот и истовремено го олеснуваме пристапот на суровини за преработка на македонските компании во износ од речиси 25 милиони евра. Како уште една мерка за олеснување на работењето на компаниите во овој пакет е и дополнителното одложување на отплатата на кредитите за компаниите до крајот на годината, како и мерката за намалување на казнената камата за јавни давачки за половина, од 0,03 на 0,015 %, што ќе важи до крајот на годината“, додаде таа.
Кузеска вели дека и во услови на светска економска и здравствена криза, Владата предводена од СДСМ со одговорно управување со јавните финансии му помага на секој поединец, на секоја компанија, која има потреба од помош и поддршка.
„Тоа во следниот период ќе го правиме уште повеќе и уште подобро за да спасиме што повеќе работни места, да поддржиме што повеќе компании“, додава таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јаневска: За една година изградени се 7 нови училишта

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска во рамки на денешниот саем за отчет под мотото „4 години работа за тебе“, на панелот „600 милиони евра за развој и локален прогрес“, истакна дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ заедно со Министерството за образование ги поставиле темелите за изградба на еден силен национален систем.
Јаневска истакна дека за само една година реализирани се проекти во вредност од 67 милиони евра.
-За само една година од добивањето на мандатот на оваа Влада, ние отпочнавме и реализираме проекти во вредност од 67 милиони евра. Значи во првата година, само со средства од Министерството за образование и наука ние покривме проекти вредни 32 милиони евра, вели министерката Јаневска.
Јаневска додаде дека изградени се 7 нови училишта, реконструирани се 20 други останати училишта и се градат 4 спортски сали.
-Изградивме 7 објекти, де факто 7 нови училишта, но во склоп на претходно постојните училишта. Во истиот тој период реконструиравме 20 други останати училишта и почнавме и градиме 4 спортски сали во Аеродром, Кисела Вода, Струга и Липково. Уште еден доказ дека оваа Влада не прави разлика во однос на локалната управа, туку води грижа само за граѓаните, нагласи министерката Јаневска.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Кога ДУИ не може да краде, почнува со врескање и криење зад етничкото знаме

Во соопштение до јавноста, ВМРО-ДПМНЕ остро реагира на настапите на ДУИ, обвинувајќи ја партијата дека секогаш кога се соочува со одговорност за криминал и корупција, се крие зад етнички теми и меѓуетнички односи.
„Ова е старата и одамна потрошена матрица на Ахмети, Османи и нивните луѓе, секогаш кога им се сече гранката на криминалот и корупцијата, кога повеќе нема тендери и рекет, тогаш наеднаш стануваат ‘заштитници на Албанците’ и ‘бранители на меѓуетничките односи’. Во превод: кога нема пари и функции, тогаш почнуваат да се кријат зад етничкото знаме. Но вистината е јасна, 20 години ја цицаа државата, беа недопирливи и без одговорност. Денес дел од нив бегаат, дел се кријат, а дел се тресат од страв од апсење, затоа што знаат што направиле“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Перински: Ветувањето на Владата влегува во завршна фаза и проектите го гледаат светлото на денот

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“, дискутираше министерот за локална самоуправа Златко Перински, се осврна на работата на Владата и нејзината поддршката кон општините со цел да се мотивираат градоначалниците и општинската администрација за креирање на проекти согласно потребите на граѓаните.
-Оваа Влада даваше средства на сите локални самоуправи на база на проекти коишто ги добивме како инпут од самите локални самоуправи, сакавме да ги мотивираме градоначалниците, да ја мотивираме општинската администрација да креира проекти коишто ќе бидат издржани согласно потребите на граѓаните и врз основа на тоа да испорачаме средства од централниот буџет за истите да се реализираат, рече Перински.
Министерот посочи дека во првиот јавен повик има 288 проекти од кои веќе 137 се завршени, а од двата повика се изградени и реконструирани училишта, изградба на патна инфраструктура, како и изградба на градинки, и спортски објекти.
-Во првиот јавен повик имаме 288 проекти којшто се влезени во рамка на финансирање во вториот јавен повик веќе се склучени договори за 828 проекти коишто се ефектуираат на терен, од првиот јавен повик од оние 288 проекти, 137 се завршени, ветувањето на Владата влегува во завршна фаза и проектите го гледаат светлото на денот. Од првиот и од вториот јавен повик се изградија и реконструираа 55 училишта за само една година, имаме преку 702 проекти коишто се насочени кон подобрување или изградба на нова патна инфраструктура, имаме градинки, 9 градинки се реконструирани или се изградени, 36 спортски објекти, кога ќе видете дека од 288, 137 проекти се веќе завршени не може да не очекувате или не може да не бидете мотивиран да продолжите понатаму, нагласи Перински.