Македонија
(Видео) Кузеска: Цела шема на непотизам на ДПМНЕ и Пецаков во Охрид
Градоначалникот од ДПМНЕ, близок на Христијан Мицкоски стокмил роднини, пријатели, фамилијарни и блиски челнови на ДПМНЕ во Охрид, кажа денеска на прес конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Беше објавена и шема, за која СДСМ вели дека е „шема на непотизам на ДПМНЕ и Пецаков во Охрид“.

Реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС и Ковачевски се кумови на непотизмот. На седница на влада со која раководи Димитар Ковачевски е доделено државно земјиште за фотоволтаици на неговата сопруга по цена од 1 евро за метар квадратен. Додека Ковачевски беше заменик министер за финансии и мандатар на состав на влада, неговиот кум Паунов преку фирмата Пиксел груп добивал државна помош. Партијата која произвела таков непотизам треба да се сокрие и да се срами од народот, кој со години со ограбува. Исто времено добро би било да одговорат како ВМРО-ДПМНЕ фатило врски за вработување на една од посочените во училиштето Кочо Рацин во општина Центар во Скопје, кое е под надлежност на Горан Герасимовски од СДС? Дали Ковачевски, Кузеска или некој од СДС му се јавиле на Герасимовски и прашале како тој лобирал една од посочените на пресконференцијата на СДС за непотизам во Охрид да биде вработена во институција со која тој раководи? Дали СДС знае што зборува или можеби станува збор за некаков внатрешен судир и пресметка? Навистина е жално што СДС и на празникот Прочка решија да ги сквернават чувствата на граѓаните и да шират лаги и да манипулираат“, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

