Македонија
(Видео) Лазаревска: Нема зголемување на платите од 12 проценти, Јаневска и Мицкоски го деградираат и трудот на наставниците
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го изразува своето незадоволство, но и загриженост, за третманот што актуелната власт, предводена од Христијан Мицкоски и министерката Весна Јаневска, го покажува кон просветните работници, истакна на прес-конференција Жаклина Лазаревска од СДСМ.
Според неа, додека трошоците за живот растат и сѐ поскапува, граѓаните и работниците имаат сѐ помалку пари, а власта на ДПМНЕ ги останава на цедило и наставниците.
„Наместо да го вреднуваат трудот на наставниците и да обезбедат вистинско подобрување на нивниот животен стандард, власта со потценувачки решенија го деградира достоинството на оваа благородна професија. Според законската обврска, платите на наставниците требаше да бидат зголемени 12,15 % од септември 2024 година, што би значело просечно зголемување од 4.300 денари.
Но, тоа не се случи. Реалноста е понижувачка – зголемувањето од едвај 5 % пристигна дури во октомври оставајќи ги наставниците без заслуженото за својот труд“, вели Лазаревска.
Со ова, како што рече, наставниците и просветните работниците се оштетени.
„Дополнително, најавените зголемувања од 7,5 % во март 2025 година и нејасните ветувања за идни зголемувања од 7,5-10 % секој март се далеку од она што им следува и што треба да го добијат просветните работници.
Секако, и далеку од она што го реализира СДСМ во изминатите години. СДСМ покажа дека образованието е приоритет“.
ВМРО-ДПМНЕ, додава таа, покажува дека нема капацитет да ги препознае вистинските приоритети.
Како што истакна, пари за образование има, прашањето е само за што се користат.
Наставниците, појасни Лазаревска, заслужуваат достоинствен третман и вистински услови за работа.
Најави дека СДСМ ќе продолжи да се бори за подобрување на условите во образованието бидејќи образованието е темелот на иднината, а достоинството на наставниците мора да биде заштитено.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

