Македонија
(Видео) Лазаревска: Јанушев е обвинет во судски предмет, а овде зборува за криминалци
Перверзно е луѓе што се обвинети за криминал и против кои се водат судски процеси овде на собраниска говорница да зборуваат и да обвинуваат други луѓе за криминал, порача пратеничката Жаклина Лазаревска во реплика кон пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
Лазаревска наведе цитати од обвинението поведено токму против пратеникот Јанушев.
„Обвинетите во овој предмет ја оштетиле државата за 4.772.920 евра, односно можеле од другата понуда да добијат толку помалку. Замислете, луѓе што учествувале во ваков криминал, кои се процесирани во судовите, овде, од говорницата, квалификуваат други луѓе за криминалци и зборуваат за трошење народни пари. Тоа е навистина перверзно“, порача пратеничката на СДСМ, Жаклина Лазаревска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип
Кредити од Европската инвестициска банка (ЕИБ) за македонските фирми да постават батерии на фотонапонските електрани, инсталирани на покривите на индустриските објекти, е поволноста со која европската финансиска институција ќе го поттикнува македонското стопанство да биде енергетски ефикасно.
Пред штипските фирми, во салата на општина Штип, консултантите на Европската Банка, Ловре Ристевски и проф. Даме Димитровски, порачаа дека има потреба ефикасно да се искористува електричната енергија од обновливи извори, наместо во значаен дел таа да се губи.
На претставувањето во Штип, бизнисменот Кочо Анѓушев, сопственик на енергетската компанија ФРОИНВЕСТ, говореше за батериските системи како единствено решение во моментот за справување со вишокот електрична енергија произведена од фотоволтаици, кој вишок производителот не може да го потроши, а електричната мрежа не може да го прими.
Анѓушев ги запозна штипските фирми за важноста на тоа дека секој кој инвестира во обновливи извори, без оглед на големината, потребно е да оди на интегрирано и комплетно решение за да има најбрз поврат на инвестицијата, и оптимало работење на електраната и на батеријата.
Поволните кредити на Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе бидат достапни преку македонските банки, по услови пропишани од ЕИБ.
Македонија
Околу 14.000 македонски граѓани останаа без денар вложувајќи пари преку Конти
Граѓаните да внимаваат со потенцијалните инвестиции преку различни апликации, апелираше денес министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и информира дека досега не е поднесена ниту една кривична пријава поврзани со апликацијата Конти која остави без денар околу 14.000 македонски граѓани кои вложувале пари преку Конти, а биле членови на група на Телеграм.
Според Тошковски, оние што учествувале како жртви во овој, како што рече, потенцијално кривично-правен настан, да се обратат до МВР за да се истражат случаите и соодветно да се реагира.
„Според информациите од утринава, кривична пријава официјално не е поднесена, но изразувам оргомна загриженост за ваков пирамидален инвестициски финансиски потенцијален криминал што се случува по не знам кој пат во земјава. Од службите бев информиран дека многу слична апликација за измама била констатирана и во 2022 година. И тогаш е упатен апел граѓаните особено да внимаваат кога станува збор за вакви потенцијални инвестиции кои најчесто завршуваат како класични измами. И сега апелирам, граѓаните особено да внимаваат на вакви инвестициски вложувања, да се консултираат со експерти од областа, да се обратат и до МВР каде исто така има експерти кои првично може да проценат дали станува збор за потенцијална измама, а оние што учествувале како жртви во овој потенцијален кривично-правен настан, да се обратат до МВР за да истражиме и соодветно да постапиме“, истакна министерот по прес-конференцијата по повод 100 дена од работата на Владата.
Македонија
Околу 36 килограми марихуана запленила Царинската управа пред два дена
Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, на денешниот настан за реконструкција на граничниот премин Деве Баир, објави дека пред два дена Царинската управа запленила 36.4 килограми опојна дрога марихуана на граничниот премин Блаце, додека вчера на Jажинце бил спречен шверц на голема количина лекови.
„Од 1 јули до 30 септември годинава или за последното тримесечје, за 70 отсто е зголемен бројот на случаи на заплени, споредено со истиот период 2023 година, лани во тој период биле 54, со 73.631 запленето парче, додека годинава бележат 92 заплени, со 396.592 парчиња. Тоа значи дека за она што се бориме, а тоа е професионално врешење на работата на царинските службеници, тоа и се забележува, резултатите се видливи и мерливи, и од аспект на финансии, полнење на буџетот, но и од аспект на нашето оперативно работење. Со реконструкцијата на управната зграда ќе добиеме нови помодерни услови, современи услови за работа на царинските но и на полициските службеници, но се создаваат и услови за подобро оперативно работење, што за нас како службеници е многу битно, со фокус на квалитет, што значи откривање и спречување на недозволената трговија со забранети стоки“, рече Николовски, објавувајќи ја големата заплена од пред два дена на Блаце.