Македонија
(Видео) Лапсус или незнаење: заменик-министерката за правда и Егејците ги внесува во Уставот

Заменик-министерката за правда, Аврамовска-Мадиќ, го прогласи егејскиот народ како посебен, кој ќе влезе во Уставот. Аврамовска-Мадиќ во вчерашното гостување на „24 ТВ“ најави дека и Егејците ќе влезат во Уставот на нашата земја.
⚠️ЧЕКАЈТЕ ДРУГАРИ⚠️
Заменик Министеркава за правда покажа дека со Уставните измени има за цел да го дели македонското ткиво до ниво на бришење на терминот МАКЕДОНЦИ од Устав 😡😡😡
⚠️Пазете: ЌЕ ВНЕСУВАЛЕ “ЕГЕЈЦИ“ ВО УСТАВ ⁉️
Мрш бре 😡😡😡😡 pic.twitter.com/4rV0k0GhqY
— MITE NAJDOFF (@Kalabalak_) May 12, 2023
„Кога ќе го видат предлогот и кога ќе видат дека ништо не е лошо и дека во Уставот на Република Северна Македонија во преамбулата ќе влезат и другите народи што поднеле барање, тука не правиме муабет само за Бугарите, туку и за Црногорците, Хрватите, Египќаните, Егејците и за многу други што ќе поднесат барање“, вели Аврамовска-Мадиќ.
До овој момент нема извинување или појаснување од заменик-министерката или од Министерството за правда. Се очекува таа да се изјасни на прес-конференцијата закажана за попладнево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Од денес пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Св.Наум, најави Владата

Македонија се гради. Денес официјално ќе биде пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Св.Наум во должина од 24,3 километри, најавуваат од Владата.
Вредноста на проектот за реконструкција на овој патен правец, како што е појаснето во официјалното соопштение изнесуваше 11,7 милиони евра.
„Ова значи дека по речиси 4 децении, не само охриѓани, туку голем број на граѓани ширум државата, но и туристи ќе можат да патуваат од Охрид до манастирскиот комплекс Св. Наум, но и до соседна Република Албанија, по нов патен правец.
Овие капитални проекти го подобруваат не само туристичкиот, туку и економскиот напредок и развој во Македонија.
Владата работи и создава дела за просперитет на Македонија“.
Македонија
Без вода дел од Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф-150 мм на улицата Христо Татарчев бр. 47, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и кулите – Расдник, oпштина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Сончево и топло, максималната температура ќе достигне до 34 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.
Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде стабилно, претежно сончево и топло. Ќе дува умерен, во сабота наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.