Македонија
(Видео) Лефков: Васко Ковачевски од голтар преку функционер во енергетскиот сектор до милионер
Васко Ковачевски од голтар преку функционер во енергетскиот сектор до милионер, со имот од 26 милиони. Доколку се погледне анкетниот лист на Васко Ковачевски, се доаѓа до логичниот заклучок дека пред 2019 година тој немал недвижен имот или автомобил на негово или име на неговата сопруга. Сето тоа се менува во 2019 година, која е година и кога Васко Ковачевски станува директор на АД ЕЛЕМ. Тоа е година во која Ковачевски се стекнува со два деловни простори во Битола, два стана во градот, двор и земјиште. Додека во 2020 година тој купува и џип од марката Сеат“ изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ .
„ Во 2019 година Ковачевски се стекнува со деловен простор од 5 милиони и 900 илјади денари со вкупна површина од 318 м2 во Битола и уште еден деловен простор во вредност од 8 милиони и 900 илјади денари со површина од 134 м2. Истата година Ковачевски се стекнал со два стана во Битола, едниот со површина од 110 м2 и вкупна вредност од 2.5 милиона денари и другиот со површина од 124 м2 во вредност од 4.5 милиони денари.
Тој купил и недвижен имот за кој не навел дали е земјоделско или градежно земјиште во КО Диково во вкупна вредност од 1.5 милиони денари, а пријавил и двор од 1.700 м2, кој го стекнал исто така во 2019 година, и е во вредност од 1.4 милиони денари. Ковачевски вози и џип Сеат Арона со година на производство 2020 година кое чини 22 илјади евра. Имотот кој што Ковачевски го стекнал од 2019 година до сега, а го пријавил во својот анкетен лист е со вредност од над 26 милиони денари, односно околу 450.000 евра.
Иако Ковачевски во анкетниот лист навел дека имотот го стекнал по пат на наследство, сомнително е што тоа се случува во годината кога тој е избран за директор во АД ЕЛЕМ, каде доаѓа од позицијата генерален директор на РЕК Битола, од каде преку разни фирми Заеви црпеа пари преку милионски тендери.
ДКСК да го испита случајот Ковачевски, што тој поседува и како е стекнато. Васко Ковачевски е уште еден пример како Дарко Каевски, Костадин Костадинов, Зоран Заев и Димитар Ковачевски кои од голтари преку СДСМ и политиката стануваат милионери“ порача Лефков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.

