Македонија
(Видео) Лефков: Венко Филипче да каже како со плата се купува „ауди Q8“ и се гради хациенда на Водно
Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник на денешната прес-конференција го повика Венко Филипче да каже како со плата се купува Ауди Q8 и се гради хациенда на Водно.
„Чиво е аудито со кое Венко Филипче се вози, и дали е на негово име или на некој друг, ако е на друго име, кој е тој што на Филипче му дал да вози кола од 250.000 евра и со кој мотив?
Дали луксузното „ауди Q8“ кое го вози Филипче е награда за некој од десетиците милионски тендери и дали народот страдаше 7 години за сега Филипче да се вози во скапи џипови?
Филипче да каже и како неговото семејство се стекна со хациенда на Водно и колку пари е платена истата?
Филипче да каже дали добитниците на тендери во здравството морале да влегуваат во дилови со него или нему блиски?
ДКСК и ЈО да отворат истраги за имотот на Филипче, но и тој кој истиот го користи, а за кој постои сомнение дека може да станува збор за скриен имот“, повика Лефков.
Додаде дека Филипче не треба да се крие зад политичката позиција и да каже како се станува милионер со плата.
Ова, вели Лефков е грдото лице на СДС и ДУИ, кое никогаш не смее да се врати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.

