Македонија
(Видео) Лефков: Вреќи со пари излегуваат од државата
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека власта ослободува затвореници за да спроведат специјална операција „евакуација на капитал“ и дека вреќи со пари излегуваат од државата.
„Според наши информации кои пристигаат од теренот, пред три недели во еден хотел на југоистокот на Македонија тројца високи функционери на власта од кои еден непосредно одговорен за полицијата, другиот по потекло од тој крај со прочуен брат и третиот познат криминалец договарале ослободување затвореници од затвор. Овој пат задачата била одбран дел од ослободените криминалци да спроведат специјална операција – ‘евакуација на капитал’“, изјави Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, црни вреќи со пари излегуваат од државата со крајна цел – офшор земји.
„Пред сè поизвесниот пораз на претстојните избори, мафијата е во обид да ги заштити своите бизниси, а криминалците добиле насоки да им помагаат при евакуацијата на капиталот. Според информациите, црни вреќи со пари излегуваат од државата со крајна цел о шор земји, па дури се споменуваат и прекуокеански дестинации. Според информациите, операцијата ‘евакуација на капиталот’ е веќе во тек и ќе потрае до избори со оглед на големината на капиталот на мафијата на власт“, рече Лефков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир, Бутел и Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот корисниците од дел од улицата Бајрам Шабани и дел од улицата Чаирска, општина Чаир;
· во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од објектите околу Фитофарм-Визбегово, општина Бутел;
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот корисниците позади бензинската ОКТА во Шуто Оризари, општина Шуто Оризари.
Македонија
Делови од Карпош и Шуто Оризари денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Демирхисарска бр 13 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демирхисарска, од 17:30 часот до завршување на дефектот, општина Шуто Оризари.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Софиска 7, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Бриселска, Петар Драганов, Његошева, Копенхагенска и Стокхломска, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото постудено и магливо, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото постудено со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.
Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а дневната температура ќе биде во пораст, особено во деновите од викендот. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла.

