Контакт

Македонија

(Видео) Лефков: Груби лажеше за купувањето на дуќанот, кредитот за купување е 82.000 евра, квадратот е платен 650 евра, ЈО да отвори истрага

Објавено пред

Семејството Груби трупа голем имот за кој нема покритие како е стекнат, фатен во тесно, Артан Груби призна и го инкриминира и сопствениот брат, изјави на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

dobivaj vesti na viber

„Дуќанот на улицата Македонија по пазарни цени, какви што плаќаат сите граѓани во државата, чини половина милион евра, тоа е реалната цена на дуќанот. Груби, фатен во тесно во обид да се одбрани, рече дека брат му го зел дуќанот со кредит за 100.000 евра и со тоа длабоко го инкриминираш кажувајќи дека разликата помеѓу реалната пазарна цена и продажната е 500 %.

До нас стигнаа информации дека Груби излажал и кога кажал дека кредитот на брат му бил 100.000 евра. Имено, според информациите со кои располагаме, брат му подигнал хипотекарен кредит од 82.000 евра. Да, 82.000 евра, за 127 м2 дуќан во центарот на Скопје на улицата Македонија. Прашањето е од каде доаѓа остатокот од парите?

Веќе кажавме, а и граѓаните знаат, но и институциите, дека квадратен метар за деловен објект во центарот на Скопје на таа локација се движи од 3.000 евра до 4.000 евра“, рече Лефков.

Тој праша зошто некој на братот на Груби, наместо за половина милион евра, би му продал дуќан за 100.000 евра и со тоа да му поклони 400.000 евра?

„Која е економската логика на продажбата? Единствено што може да се заклучи во ваков случај е или Груби да ги платил остатокот од парите во готово за да се избегне и да се прикрие потеклото на таквите пари или е направено давање друга ствар или ветување за компензација“, вели Лефков.

Јавното обвинителство, смета Лефков, е должно да реагира и да не чека да помине гневот на јавноста зашто, како што рече, тука има индиции дека е сторено кривично дело прикривање потекло на несразмерно стекнат имот од чл. 359а од КЗ, со јасно пропишана санкција.

ДКСК да иницира постапка за испитување на потеклото на имотот и парите на братот на Груби, што е пропишано со чл. 96 од Законот за спречување на корупцијата, порача Лефков.

„Затоа што од досегашните информации што ги изнесовме во јавност, несомнено е дека постојат докази дека член на семејството Груби стекнал значителен имот, кој освен што е купен по нереална цена, туку и со средства што ги надминуваат приходите на пријавените браќа Артан и Ветон Груби. Институциите да не подлегнуваат на притисокот на Груби, да се охрабрат и да отворат случај. Политичката корупција мора да биде најстрого казнета“, заклучи Лефков.

Македонија

(Видео) Николоски од Гевгелија: Во исто време се градат 10 спортски игралишта, така ќе продолжиме да работиме веднаш по формирање на новата влада од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

„Навистина е големо задоволство да се присуствува повторно на отворање на проекти кои што ги реализира општина Гевгелија. Честитки за градоначалникот навистина импресивно во исто време се градат 10 спортски игралишта, 10 вакви комплекси и со училиштата во општината мислам само зборува за тоа колку работи општината и градоначалникот“, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4.

dobivaj vesti na viber

„По парламентарните избори и извесната победа на ВМРО-ДПМНЕ и формирањето на влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ние ќе помагаме многу во општина Гевгелија. Знаете дека планираме да ги децентрализираме буџетските средства и сериозна сума на средства планираме да се впуштаат тука во Гевгелија како би се решиле сите инфраструктурни проекти. Секако тука доаѓа и инвестирањето во економскиот развој, има сериозна индустрија во Гевгелија, пред се во земјоделскиот сектор или преработувачка индустрија, каде планираме да дадеме сериозна поддршка, пред се на извозните фирми.

Она што исто така би сакал да го споменам, можеби и нема подобро место од Гевгелија, тоа е поврзано со нашата сериозна одлука да ги испратиме ДУИ во опозиција и да одговараат за криминалот.

Мислам дека од овде е право време и место да повторно го прашам Артан Груби каква е неговата улога во индициите за криминал што ги има во Лотарија на Македонија, зошто токму тој притискаше толку силно за измените на Законот за игри на среќа, која е неговата улога во нелегалното доделување на втора лиценца за видео лотарија, како и која е неговата улога во нелегалното доделување на три лиценци за онлајн игри на среќа. Од една страна велеа дека сакаат да ги отстранат местата за обложување за да не се обложувале децата, а од друга страна дадоа три лиценци за онлајн игри на среќа при што на секое дете веќе на телефон му е веќе можноста да се обложува што секако ќе се согласите не е во ред.

Сето ова ќе го испитаме по парламентарните избори и по формирањето на влада на ВМРО-ДПМНЕ без ДУИ, а мислејќи дека и имајќи во предвид дека Артан Груби не сака да одговори на јавноста ќе треба да одговара пред соодветните органи во Република Македонија“, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4.

Прикажи повеќе...

Македонија

Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001

Објавено пред

Денес, Носителот на ИЕ6, Игор Димески од Левица, во Тетово имаше средба со бранителите од 2001 година.

dobivaj vesti na viber

Од населбата Два Бреста во Тетово, во паркот кај споменикот Иљо Антевски-Смок, Димески порача:

„Левица ќе направи сè, за да се институцијализираат барањата на бранителите. Потребен е нов закон за бранители, за да не бидат третирани како граѓани од втор ред, како што е во моментов”.

Бранителите ги изнесоа своите барања и нереализирани ветувања од претходните власти, кои останаа само празни усни ветувања. Исто така, бранителите ги поздравија заложбите на Левица, истакнати од Димески, соопшти Левица.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Поединци на Европскиот фронт избегаа од Али и се во секојдневна комуникација со Мицкоски“, рече Изет Меџити

Објавено пред

Лидерот на Демократското движење и носител на Листата за пратеници во првата единица на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити изјави дека Европскиот фронт ќе се распадне по изборите на 8 мај, притоа потенцирајќи дека експонентите на ЕФ веќе контактираат со Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

„Не знам што ќе остане од Фронтот, бидејќи отсега некои поединци на Европскиот фронт избегаа од Али и се во секојдневна комуникација со Мицкоски. И некои експоненти јавно кажаа, како што е господинот Тачи, малите заедници, така што не знам што ќе остане од Фронтот“, рече Меџити.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

„Поединци на Европскиот фронт избегаа од Али и се во секојдневна комуникација со Мицкоски“, рече Изет Меџити

Лидерот на Демократското движење и носител на Листата за пратеници во првата единица на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити изјави дека...

Македонија2 часа

„Дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд“, кажа Мицкоски и повика на будност

Не се само информации тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите, имаме и потврден случај тоа е во...

Македонија3 часа

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Репортери без граници денеска го објавија својот годишен извештај за слободата на медиумите во светот, според кој Македонија се наоѓа...

Македонија5 часа

„За избор на Владата нема двојно гласање (Бадентер), тоа не е предвидено ниту со Уставот, ниту со било каков договор или закон“, вели Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз ги потсетува партиите, посебно ДУИ, но и сите граѓани, дека соглано член 99 од Уставот на Република Македонија,...

Регион5 часа

(Видео) Една година од масакрот во училиштето во Белград, беа убиени девет ученици и чуварот

Помина точно една година од трагедијата во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, кога Коста Кецмановиќ вооружен со пиштолот на татко...

Македонија6 часа

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им...

Свет7 часа

Израелските медиуми ги објавија трите барања на шефот на Хамас за ослободување на заложниците

Лидерот на палестинската исламистичка организација Хамас во Појасот Газа, Јехја ал Синвар, и понатаму има три барања во преговарачката понуда...

Европа7 часа

(Видео) Украинците објавија снимка: Го уништивме рускиот систем Бук, не можеа да го изгаснат пожарот

Украинските сили за специјални операции тврдат дека го уништиле лансерот на рускиот противвоздушен ракетен систем Бук на линијата на фронтот...

Свет7 часа

Турција ја прекина целата трговија со Израел

Турција од вчера го прекинува целиот извоз и увоз со Израел, соопшти турското Министерство за трговија, наведувајќи ја како причина...

Македонија18 часа

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април, одлучи Владата

Владата ја разгледа и усвои Информацијата со Предлог- измени и дополнувања на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на...

Македонија24 часа

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

ДУИ ги напушти вредностите за кои се залагаше во 2001 кога наместо за Албанската кауза почна да се грижи единствено...

Македонија24 часа

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, одговори Ковачевски прашан дали би им помогнале на ВМРО-ДПМНЕ ако не можат да формираат Влада

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, првин да ги видиме резултатите на 8 мај. Вака лидерот на СДСМ, Димитар...

Македонија1 ден

ДСЗИ ќе забрани на Токсикологија да работат лица со истечени договори оти  директорката, која не зборува македонски, не им ги одзела пристапите

Организациската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, не постапила и не ја потпишала опомената од Државниот санитарен и здравстве...

Македонија1 ден

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ,...

Македонија1 ден

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка....

Македонија1 ден

Десна објави наводно писмо од Љупчо Палевски: Министерот Лога лаже за екстрадицијата

Политичката партија Десна на својот Фејсбук профил објави писмо од својот лидер Љупчо Палевски Палче, кој чека екстрадиција во Македонија...

Свет1 ден

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи...

Свет1 ден

Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање

Американската полиција  убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол,...

Македонија1 ден

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од...

Свет1 ден

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица

Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните...