Контакт

Избори 2019

(Видео) Лефков: Овој пат жена за претседател и ќе нè биде конечно

Објавено пред

Кочани и кочанчани вчеравечер на трибината на Стево Пендаровски видоа како не треба да се води држава, како не треба да се води една општина па дури и како не треба да се води една партија. Видовме селекција и елитизам, изјави Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Видовме партиски кандидат за кој македонската химна нема текст, видовме претседателски кандидат опкружен со сите ново вработени во последните две години! Видовме човек, партија, институции споени во едно како за свои сопствени интереси го загрозуваат добивањето на датумот за преговори со ЕУ! Како до датум за преговори со целосна партизација на институциите? Како до датум за преговори без никакви реформи? Како до датум кога во Кочани немате една шајка заковано, една! Како до датум кога ваши директори и функционери им се закануваат на вработените кои не се СДС?

А земјоделците и проблемите на земјоделците од Кочани и Кочанско не сакате ниту да ги споменете! Намалените пензии исто така не сакавте да ги споменете, зголемените придонеси исто така не беа спомнати. Зборувате за рекорден број странски инвестиции – ама дали ви кажаа од ПР-от дека во Кочани нема нови странски инвестиции, нема! Од вас вчера слушнавме дека Македонија има поголем напредок и од Швајцарија и Норвешка заедно! Ама не е така, ние сме на дното и единствен начин да се подигнеме е да го смениме овој начин на работење! Кочани сака ново лице, господине Пендаровски затоа нема да бидете вие Кочани овој пат ќе ја даде својата поддршка на професорката! Вие имавте шанса и како кандидат и како власт, многу аир не видовме, овој пат жена за претседател и ќе не биде, конечно!”, додаде тој.

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

dobivaj vesti na viber

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

dobivaj vesti na viber

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

dobivaj vesti na viber

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија43 минути

Голема полициска акција низ Скопје, се вршат претреси на пет локации

Под раководство на предметниот обвинител што постапува во предметот под кодно име „Бункер“, единиците на МВР од рано утринава вршат...

Свет2 часа

(Видео) Драматични сцени од Австралија: хеликоптери и чамци ги евакуираа жителите заробени на покривите

Австралиската телевизија „Еј-би-си“ објави „поплави од невидени размери“, опишувајќи драматични сцени додека хеликоптери и чамци ги евакуираа жителите заробени на...

Свет3 часа

(Видео) Рубио: Граѓанска војна од епски размери може да почне во Сирија за неколку недели

Американскиот државен секретар Марко Рубио повика на поддршка за преодните власти во Сирија и предупреди дека земјата може да биде...

Свет3 часа

Си-ен-ен: Израел подготвува голем напад врз иранските нуклеарни постројки

Соединетите Американски Држави добија нови разузнавачки информации кои сугерираат дека Израел се подготвува за напад врз нуклеарните постројки на Иран,...

Европа4 часа

Мелони: Папата ми рече дека е подготвен да биде домаќин на мировни преговори за Украина

Италијанската премиерка Џорџa Мелони изјави дека папата Лав во телефонски разговор со неа ја потврдил својата подготвеност да биде домаќин...

Свет4 часа

(Видео) Трамп: Го избрав дизајнот за ракетниот штит „Златна купола“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го избрал дизајнот за ракетниот одбранбен штит „Златна купола“ вреден 175 милијарди долари и...

Македонија5 часа

Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп

Сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп од ноќеска, во 01:20 часот е нормализиран, извести АМСМ. Претходно од АМСМ информираа...

Економија18 часа

Николоски: Договорот ќе го потпишеме во четврток во Лондон, 22 мај ќе биде датум кој долго ќе се споменува

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на денешната прес-конференција објави дека Владата го усвоила Договорот за стратешко партнерство со...

Економија19 часа

Мицкоски: Оптимист сум дека растот на БДП ќе биде помеѓу 3,5 и 4 проценти

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање поврзано со проекциите на Европската комисија и за економскиот раст...

Македонија21 час

Николовски се пофали дека Царината за пет месеци сработила колку за три години, но спореди со периодот од 2020 до 2022 година

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, се пофали дека со засилени контроли за неполни пет месеци сработиле колку што претходно...

Македонија21 час

„Влен“ ја претстави пратеничката група од девет пратеници, ќе им се приклучи и десетти

Коалицијата „Влен“ ја претстави пратеничката група, која брои девет пратеници, по оставката на пратеникот Салим Сулејмани, кој викендов се повлече...

Македонија22 часа

Опожарени три возила во Битола, едното на политичар од СДСМ

Три возила во Битола синоќа биле опожарени, а едното е на бизнисменот и поранешен кандидат за градоначалник од СДСМ, Христо...

Македонија23 часа

Сиљановска: Одговорно тврдам дека и да барате една држава да го смени Уставот е проблематично

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова пред новинарите ги коментира средбата со првиот човек на Европскиот совет, Антонио Кошта, бугарското вето, барањата за...

Економија23 часа

Сиљановска има предлог за нов гувернер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова знае кој ќе биде нејзиниот предлог за нов гувернер на Народната банка, но не сакаше сè уште...

Топ24 часа

Матурантот од Струмица најден мртов на нива, телото е на обдукција

Матурант од Струмица во текот на вчерашниот ден бил најден мртов на нива. Се работи за 19-годишно момче со иницијали...

Свет1 ден

ЕУ воведува нов граничен систем: се укинуваат печатите од пасошите, странците ќе ги фотографираат

Преговарачите на Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа договор за регулативата за постепено воведување на системот за влез/излез (ЕЕС),...

Свет1 ден

Ривалите на Бајден се сомневаат во прикривање на дијагнозата за ракот; Вeнс: Да бидеме искрени

Поранешниот американски претседател Џо Бајден вчера им се заблагодари на своите поддржувачи за „изразите на љубов“ што му ги покажаа...

Свет1 ден

Трамп потпиша закон против порнографијата за одмазда: „Меланија беше клучна“

Првата дама Меланија Трамп му се придружи на својот сопруг, претседателот Доналд Трамп, додека тој го потпиша законот со кој...

Европа1 ден

Денеска, важен состанок на министрите на ЕУ: ќе се договараат нови санкции против Русија

Министрите за надворешни работи и одбрана од земјите-членки на Европската унија денес се состануваат во Брисел за да разговараат за...

Европа1 ден

Зеленски: Нашите војници нема да се повлечат од анектираните територии

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е отворен за понатамошни преговори со Москва, но повтори дека украинските војници нема да...