Македонија
(Видео) Лефков: Спасовски да си поднесе оставка, прикриваше убиство и МВР менуваше изјави сѐ додека не излегоа снимки
Власта, Ковачевски и Спасовски прикривале убиство. Четири дена Спасовски и надлежните менуваат изјави дека ракометарот Тот починал од природна смрт, па без траги од насилство, за на крајот да признаат што всушност се случило. Но, сепак, не дадоа одговор зошто 4 дена криеја и требаше медиумите и опозицијата да извршат притисок за вистината да излезе на виделина, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Во четвртокот МВР излезе со официјален став преку нивната страна на ‘Фејсбук’, со што го класифицираат настанот како обична несреќа:
– МВР ја информира јавноста дека вчера (7.4.2022) во 4.11 часот од Клиничкиот центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесвест, без видливи траги на насилство, е донесен Д. Т. и веднаш му е укажана лекарска помош.
Од снимката што излезе во медиумите јасно се гледа дека ракометарот Тот е тепан од три лица, а на настанот има десетина сведоци.
По оваа снимка, од МВР менуваа ставови, а Спасовски и Ковачевски сѐ уште молчат.
Овие снимки што ги објавија медиумите, но и други снимки од околните објекти, како и од системот ‘Сејф сити’, ги поседуваат и во МВР, како и изјавите од сведоците на настанот. Но, тие, наместо да ја кажат вистината, се втурнаа во прикривање убиство“, рече Лефков.
Тој праша што правеле Јавното обвинителство и МВР со денови и зошто требало јавен притисок за вистината да излезе на виделина. Според него, Спасовски треба веднаш да си поднесе оставка.
„Со секој поминат ден на чело на МВР тој е опасност дека вакви настани ќе се случуваат и во иднина и повторно тие ќе бидат прикривани. Недозволиво и грозоморно е власта да се впушта во прикривање убиство. Одговорност мора да има“, порача Лефков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утврдени неправилности на Зимзоленд: Град Скопје нема дадено дозвола
Инспектори од Град Скопје денеска биле на локацијата каде што се одржува Зимзоленд и утврдиле низа неправилности. Како што соопшти градоначалникот, Орце Ѓорѓиевски, утврдено е дека Градот Скопје нема дадено дозвола за таму да се врши дејност.
„По пријави од граѓани, постапивме и на Зимзоленд. Инспекторатот беше на локацијата и утврди дека градот Скопје нема дадено дозвола за таму да се врши дејност. Констатирани се повеќе неправилности, особено во однос на вршење дејност надвор од објект“, вели Ѓорѓиевски.
Дополнително, додава тој, за реквизитите и забавните содржини кои не се дел од програмата на Општина Аеродром, наложено е градежниот инспектор од општината да постапи согласно законските регулативи.
„Градот Скопје и јас како градоначалник ќе продолжиме бескомпромисно да се бориме против секоја неправилност, секој обид за узурпација и секој хаос кој го загрозува јавниот простор“, вели Ѓорѓиевски.
Инспекторите денеска, освен на Зимзоленд, биле и на „Пластичарска“ .
„Се воспоставува ред на „Пластичарска“, се постапува и на Зимзоленд. Денес градот Скопје, заедно со Инспекторатот и во координација со ДПИ и МВР, спроведе широка акција со единствена цел, да се врати редот и достоинството на јавниот простор на целата територија на градот. Изречени се повеќе од 20 казни“, објави Ѓорѓиевски и додаде дека вработените од ЈП „Градски паркинг“ ги отстранувале неправилно паркираните возила долж улицата „Пластичарска“.
Македонија
Утре сончево време со температура до 15 степени
Времето утре ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Утре без вода за пиење делови од општина Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради змена на вентил во шахт Ф 2“1/2“ (два и пол цола) на улица Натанаил Кучевишки бб. градинката 11-ти Октомври со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Натанаил Кучевишки, Краишка и Хо Ши Мин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:30 часот до завршување на работните активности.(општина Бутел )

