Македонија
(Видео) Лефков: Убиецот на Тот е најден поради притисокот на јавноста, Спасовски шест дена менува изјави
Шест дена убиецот е во бегство за денеска под притисок на јавноста и медиумите тој да биде пронајден. Спасовски не успеа да го обезбеди убиецот за органите на прогонот, тоа го сторија јавноста и медиумите, кои будно го следеа настанот, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Дека Спасовски немаше интерес убиецот да биде пронајден, лесно може да се утврди и по неговите изјави и по изјавите од МВР преку соопштенија. Шест дена по ред Спасовски и МВР менуваа изјави и излегуваа со разни теории, кои сите беа претставувани како вистини сѐ додека медиумите не објавија видеоснимка од убиството, па Спасовски само излезе и потврди дека имаат снимка. Значи, беше потребно медиумите да ја објават снимката, од која, без сомнеж, се гледа како е убиен, за Спасовски да почне да менува изјави.
Спасовски треба да одговори што правело МВР од четвртокот рано утрото до попладнето кога вели дека излегле на терен и зошто е оставен толку долг период, зошто веднаш не биле повикани сведоците и не биле прегледани камерите, туку тоа се направило по неколку часа?
Дополнително, Спасовски треба да одговори и дали во непосредна близина на настанот имало и полициски службеници кои не го спречиле настанот?“, праша Лефков.
Според него, ракометарот Тот можеби можел да биде спасен доколку, како што рече, реакцијата на МВР била побрза, а со сигурност убиството ќе било расчистено уште првиот ден доколку Спасовски и КАРИЛ не го претставувале убиството како несреќа, туку се насочеле кон расчистување на случајот.
„Спасовски треба да одговори на овие прашања, а не да ја дефокусира јавноста со тоа дали дискотеката имала или немала лиценца. Тоа што неговите инспектори и инспекторите на Пазарната инспекција дремеле и не ја затвориле дискотеката, тоа не го уби Тот. Смртта на човекот е прикривана од Спасовски и Ковачевски, тоа го пишуваа и хрватските медиуми. И одговорност за Спасовски мора да има. Оставка веднаш“, заклучи Лефков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува
Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование.
Таа посочи дека во моментов се одржуваат јавни расправи на сите универзитети и дека нацрт-текстот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), каде што сите засегнати страни можат да достават коментари.
На прашање од пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која изнесе забелешки, Јаневска одговори дека законот е „за добробит на сите“ и дека реакциите не можат да се генерализираат.
Според министерката, предлог-законот е усогласен со европски и светски стандарди и предвидува подобрување на студентските права, двегодишен мандат за универзитетските тела, можности за ангажман на демонстратори и вработување на студенти на проекти, како и поддршка за најдобрите студенти.
Јаневска нагласи дека членот 13 се однесува на заштита на автономијата на универзитетите и дека во изработката на текстот учествувале над 60 професори.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.

