Македонија
(Видео) Лефков: 365 дена скандали, Ковачевски фатен во аферата „Броило“ тешка 26 милиони евра
„365 дена Ковачевски, 365 дена скандали, Владата на СДС и ДУИ работи како до сега, криминал, корупција и борба за личен интерес наместо за народот и државата. Дезертерот Ковачевски почнува со основање на фирмата ‘Пиксел груп’ уште со доаѓањето на СДС на власт за потоа таа фирма основана заедно со својот кум да се најде во центарот на аферата ‘Броило’, тешка 26 милиони евра, заедно со ‘КМГ ЕОЛ квазар’, основана само од неговиот кум“, рече на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
Пратеникот напомена дека „аферата ‘Броило’ резултира со отворање фирма во ТИРЗ ‘Тетово’ за градење фабрика за соларни панели од страна на ‘Пиксел груп’ со бугарска фирма партнер во висина од 54 милиони евра“.
„Додека луѓето околу Ковачевски се полнат со пари, Македонија се соочува со највисоката стапка на инфлација во последните 25 години. Инфлацијата во земјата е во врвот на Европа со речиси 20 %, а основните прехранбени продукти за една година се поскапени над 30 %. Власта се богати, а народот осиромашува, Ковачевски не запира да ја срами Македонија. Владата се обиде да испрати 26-годишна ТВ-презентерка на вести за генерален конзул на Македонија во Њујорк. Меѓународната репутација на државата од ден на ден се разнишува“, рече Лефков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

