Македонија
(Видео) Листа на институции и упатство како да побарате дозволи за движење
Владата информира кои институции даваат дозволи во услови на ограничено движење на граѓаните на целата територија на државата и за кои категории граѓани.
Во категорија на дозволи кои ги издава МИОА се опфатени:
• Претставници на институции за кои со одлука на Кризниот штаб на Владата е утврдено дека имаат потреба да се движат во време на забраната за движење
• Дежурни медиумски работници кои имаат потреба од работа на терен
• Вработени во мали пекарници/бурекчилници (најмногу до 5 вработени) со документ како доказ дека станува збор за микро претпријатие
• Дежурни вработени во погребални претпријатија
• Лица кои се грижат за лица кои имаат потреба од нега од друго лице-трето лице (со соодветна медицинска документација)
• Одредени категории на земјоделци, по одлука на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Подрачните единици на МЗШВ се одговорни за подготовка на список на земјоделци
Сите дозволи што ги обезбедува МИОА, се достапни преку порталот за uslugi.gov.mk.
Барањето за дозвола за движење на вработените во институции, медиуми, пекарноии/бурекчилници, погребални претпријатија, на порталот uslugi.gov.mk го поднесува раководителот на институцијата/директорот/овластеното лице во Централен регистар за своите вработени.
Барањето за дозвола за движење за лицата кои се грижат за трето лице го поднесува лицето кое ја врши негата.
Во категоријата дозволи за движење со јавување во МВР на 192 влегуваат:
• Вработени во агенции за обезбедување и чуварски служби
• Вработени во сервисни компании (ЕВН, телекомуникациски и кабелски оператори, јавни и комунални претпријатија)
Општинските кризни штабови даваат услуги за:
• Достава на храна и основни продукти (ресторани и маркети)
Во отстапките за ограничено движење влегуваат вработените во компаниите за кои дозволи за движење ги издава работодавачот, и тоа:
• Компании кои имаат регистрирано работа во трета и/или четврта смена во Државен инспекторат за труд
• Медиуми кои имаат дежурни вработени за кои не е потребна работа на терен (движење од домот до работното место и назад)
• Градежни компании за вработени кои се ангажирани за работа на објекти
• Компании кои работат за време на викенд
Со оваа мерка се опфатени и категории граѓани за кои не е потребна дозвола за движење, и тие се однесуваат на:
• Превозници со товарни возила
• За потреба на достава на стока (со соодветна документација)
• Прошетка на домашни миленичиња (во дозволените периоди и во непосредна близина на домот)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Пораките на Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници
Пораките на американскиот државен секретар Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници, светот веќе не функционира по старите правила. Како Влада, продолжуваме посветено да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница.
Подготвени сме да одговориме на предизвиците, да ја модернизираме нашата одбрана и да обезбедиме сигурна иднина за нашите граѓани, објави премиерот Христијан Мицкоски, од Минхен.
Мицкоски од вчера престојува во повеќедневна посета на Сојузна Република Германија, каде што учествува на 62. Минхенска безбедносна конференција, на која, како што соопшти владината прес-служба, ќе ја реафирмира определбата на државата за предвидлив и фер процес на интеграција во Европската Унија, без дополнителни билатерални условувања.
Македонија
Убиство во Челопек, 78-годишна жена задушена со перница
Полицијата уапси дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек, соопшти денеска СВР Куманово. Како што наведуваат од кумановската полиција, на 12-ти февруари, осомничениот влегол во нејзиниот дом, физички ја нападнал и со перница ја задушил жената.
-Вчера во 19:30 часот во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишиле од слобода Т.Б.(25) од с. Малотино, општина Старо Нагоричане, поради сомнение дека сторил кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Тој се сомничат дека на 12-ти февруари во нејзиниот дом физички ја нападнал и задушил со перница М.С.(78) од село Челопек, општина Старо Нагоричане, по што таа починала на местото, соопшти полицијата.
Тој се сомничи дека извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ во повеќе села на подрачјето на општина Старо Нагоричане. Известен е јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
СДСМ: Две недели без одговор како 5 тони дрога поминале преку граница, бараме одговорност од Мицкоски
СДСМ обвинува дека и по 14 дена нема одговор од институциите за, како што велат, „најголемиот нарко-скандал во регионот“, поврзан со транспорт на пет тони дрога преку државната граница.
Од партијата посочуваат дека молчат премиерот Христијан Мицкоски, како и повеќе функционери, оценувајќи дека тоа отвора сомнежи за одговорност на власта.
„Овој гласен молк е најсилна потврда дека скандалот води до врвот на Владата“, се наведува во соопштението.
СДСМ реагира и на изјавите дека биле запленети 100 тони марихуана, оценувајќи дека доколку постоело толкаво производство, тоа претставува сериозен пропуст на институциите.
Според нив, за такво количество би била потребна површина од над 30 хектари, поради што прашуваат дали биле извршени контроли од надлежните служби, вклучително и полицијата, инспекторатите и безбедносните агенции.
Партијата дополнително прашува како пет тони дрога биле транспортирани со товарни возила покрај системите за надзор, камерите и граничните контроли.

