Македонија
Лукаревска: Родовата рамноправност не познава политичка припадност
СДСМ како партија е пионер во она што значи унапредување на позицијата на жената и ставање на пиедестал на она што значи женски права, истакна заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, на трибината „Еднакви, активни, гласни“, во организација на Форумот на жените на СДСМ.
Лукаревска посочи дека СДСМ во изминатиот период реализирал доста мерки и политики што значат унапредување на правата на жените.
„Се гордеа што како партија донесовме огромен број мерки што значат подобар животен стандард, се гордеам затоа бевме дел од многу женски стратегии и декларации со кои СДСМ направи огромен број промени во интерес за жените. Едно е сигурно, родовата рамноправност не познава ниту политичка, ниту верска ниту социјална припадност, тоа мора да го решаваме сите жени заедно, чекор по чекор“, порача Лукаревска.
Потсети дека СДСМ прв вовел принцип на коносители и принцип 50-50 на пратеничките листи,
„Во СДСМ имаме целосна рамноправност 50 отсто жени во сите тела и органи во партијата, тоа значи дека рамноправно се слуша нашиот глас, дека знаеме да носиме одлуки што овозможуваат придобивки за сите граѓани. Меѓутоа, она што е битно и сега и во иднина е женската солидарност во политиката и во нашата партија и воопшто во политиката. Сигурна сум дека успешен политички дијалог може да почнеме токму ние жените. Ќе се бориме и понатаму да нема машки и женски професии, туку да има успешно менаџирање на самата професија, да нема машки и заеднички перспективи, туку да има реални заеднички можности. Ќе се бориме да нема веќе машки и женски прашања, туку прашања од општествен интерес“, заклучи Лукаревска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

