Македонија
(Видео) Макрадули: Годинава е намален бројот на загадени денови
Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, денеска изврши увид на мерната станица во Центар. Притоа ја искористи можноста да информира дека напорите на Владата на Република Македонија, но и на сите други институции за намалување на аерозагадувањето веќе даваат резултати.
„Грижата за квалитетот на воздухот и за здравјето на граѓаните е задничка. Сите дишеме ист воздух и сите ја имаме истата потреба воздухот да биде чист бидејќи здравјето на граѓаните е најважно.
Затоа, повикувам на здружени и координирани акции, повикувам на сечиј придонес, на индивидуална и колективна одговорност. Колку помалку загадуваме толку подобро – колку повеќе чистиме толку подобро. Колку повеќе вклучени граѓани и институции – до толку почист водух, низ целата Македонија и низ цело Скопје.
Не чека долга акција за справување со загадувањето односно со загадувачите. Ќе биде потребно време да се реши оваа состојба, но треба да ни биде јасно на сите дека резултатите ќе станат видливи доколку останеме посветени и здружени во оваа акција.
Денес сакам да охрабрам, и затоа ќе споделам неколку статистики од мерните станици кои ни покажуваат делумен напредок и резултати од нашите напори во изминатава година.
Направивме спордба на податоците од изминатите три години, 2016, 2017 и 2018 во периодите 1 јануари – 30 ноември и забележавме дека во 2018 година постои намалување на бројот на загадени денови во анализираниот период – станува збор за број на денови со надмината дозволена загаденост од 50 микрограми“, изјави Макрадули.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.

